Реномираната организација TÜV SÜD од Германија објави нов извештај за техничките прегледи на автомобилите извршени во периодот од јули 2021 до јуни 2022 година.
TÜV прегледал вкупно 9.583.319 возила во сите возрасни групи, а дури 20,2 отсто од автомобилите имале значителни недостатоци (систем за управување, кочење, мотор…), што е за 2,3 процентни поени повеќе од претходната година.
За прв пат просечната старост на еден автомобил е повеќе од десет години, а освен што возилата се во просек постари, експертите од TÜV SÜD гледаат и ограничени домашни буџети како причина за намалување на трошоците за одржување и како резултат на тоа, повеќе дефекти.
Севкупниот победник на извештајот TÜV за 2023 година е Mercedes B-Class, додека Dacia Logan е на последното место. Мерцедес Б-класата е рангирана на прво место со просечна значајна стапка на дефекти од само два проценти, а потоа следи Mercedes GLC (2,3 проценти).
На крајот од табелата повторно е Dacia Logan, а од малите возила треба да ги пофалиме Honda Jazz и Mazda 2, како и Suzuki Vitara.
По единаесет години старост на возилата, ниту еден од моделите на Mercedes-Benz, BMW и Audi не е на првите позиции, што веројатно се должи на нивната употреба како службени автомобили со голема километража.
Просечната Е-класа има пројдено просечни 176.000 km, што е значително повисоко од B-Class или Golf Sportsvan/Plus со просечни 105.000 km. Доколку купувате користен автомобил во Германија, оваа информација може да ви биде и водич.
ВОЗИЛА СО НАЈМАЛКУ ГРЕШКИ
ДО 3 ГОДИНИ (МОДЕЛ/ ПРОЦЕНТ НА ГРЕШКА)
- Mercedes B-Class 2,0 %
- Mercedes GLC 2,3%
- VW Golf Sportsvan 2,3%
- Audi Q3 2,4%
- Audi Q2 2,6%
- Porsche Cayenne 2,6%
- VW T-Roc 2,6%
- Honda Jazz 2,7%
- Mercedes A-Class 2,8%
- Hyundai ix20 3,0 %
- Suzuki Vitara 3,0%
- Volvo V40 3,0%
ДО 5 ГОДИНИ
- Porsche 911 2,7 %
- Mercedes SL 4,1 %
- Audi Q2 4,5 %
- Mazda CX-3 4,6 %
- VW Golf Sportsvan 4,6 %
- Mercedes B-Class 4,7 %
- Mazda 2 5,3 %
- Audi Q5 5,4 %
- Audi Q3 5,5 %
- Honda Jazz 5,5 %
- Mercedes A-Class 5,6 %
- Toyota C-HR 5,6 %
ДО 7 ГОДИНИ
- Porsche 911 3,5 %
- Suzuki Vitara 7,2 %
- VW Golf Sportsvan 7,3 %
- Mercedes B-Class 7,8 %
- Porsche Cayenne 7,9 %
- Audi TT 8,3 %
- Mazda 2 8,5 %
- Suzuki SX4 8,8 %
- Mercedes A-Class 9,0 %
- Hyundai i20 9,1 %
- Opel Karl 9,1 %
ДО 9 ГОДИНИ
- Porsche 911 4,6 %
- Audi TT 9,4 %
- Mercedes SLK 10,3 %
- Mercedes B-Class 11,0 %
- Porsche Cayenne 11,1 %
- Mercedes A-Class 11,7 %
- Mini Countryman 12,3 %
- Mitsubishi ASX 12,3 %
- VW Golf Plus 12,4 %
- VW Touareg 12,7 %
ДО 11 ГОДИНИ
- Porsche 911 6,6 %
- Audi TT 11,6 %
- Mercedes SLK 12,2 %
- Mini Countryman 13,9 %
- Mercedes B-Class 14,2 %
- Porsche Cayenne 14,8 %
- Mitsubishi ASX 16,1 %
- VW Touareg 16,5 %
- BMW X1 16,7 %
- Honda Jazz 17,2 %
ВОЗИЛА СО НАЈМНОГУ ГРЕШКИ
ДО 3 ГОДИНИ
- Dacia Logan 11,6 %
- Dacia Dokker 10,8 %
- VW Sharan 9,4 %
- Citroen C3 Aircross 9,4 %
- BMW X5/X6 8,8 %
- Dacia Duster 8,7 %
- Dacia Sandero 8,5 %
- Seat Alhambra 8,2 %
- Opel Crossland 8,2 %
- Ford Galaxy 8,1 %
ДО 5 ГОДИНИ
- Dacia Duster 18,0 %
- VW Sharan 17,1 %
- BMW Serije 2 Active Tourer 16,7 %
- Seat Alhambra 16,6 %
- Dacia Dokker 16,1 %
- BMW X5/X6 15,9 %
- Fiat Punto 15,6 %
- Dacia Logan 15,1 %
- BMW X1 14,8 %
- Fiat Tipo 14,6 %
- ДО 7 ГОДИНИ
- Dacia Duster 24,4 %
- Dacia Dokker 24,4 %
- BMW 5/6 23,8 %
- Dacia Logan 23,5 %
- Fiat Punto 22,5 %
- Dacia Sandero 21,6 %
- BMW X5/X6 19,7 %
- Ford Ka 19,6 %
- Renault Megane 19,5 %
- BMW 2 Active Tourer 19,5 %
- ДО 9 ГОДИНИ
- Dacia Logan 32,9 %
- Fiat Punto 31,1 %
- Dacia Duster 28,4 %
- Ford Mondeo 28,0 %
- Renault Twingo 27,2 %
- Nissan Juke 27,1 %
- Renault Megane 26,7 %
- Ford Galaxy 26,6 %
- Nissan Micra 26,2 %
- Ford Ka 26,2 %
ДО 11 ГОДИНИ
- Renault Clio 36,4 %
- Renault Twingo 35,9 %
- Dacia Logan 35,6 %
- Dacia Sandero 35,0 %
- Nissan Juke 33,8 %
- Fiat Panda 33,8 %
- Fiat Punto 33,5 %
- Renault Megane 32,9 %
- Nissan Qashqai 32,5 %
- Peugeot 207 31,6 %