Промовирани огласи »

Паметните телефони и интернетот сменија речиси сè, вклучувајќи го и нашето помнење. Со неограничен број на информации на дофат, не е изненадување што нашата способност да помнење започна да атрофира.

Без разлика дали учите нов јазик или само се обидувате да го запомните кодот за пристап до вратата од вашата канцеларија, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат поефикасно да ги запомните информациите.

За понапорни задачи, визуелизирајте делови од местото каде што се наоѓате (на пр. собите од вашиот дом). Оваа техника ги користи вашите вештини за навигација и просторна меморија за да ви помогне да се потсетите на делови од информации на линеарен начин.

Една техника која може да ви помогне да запомните списоци се нарекува поврзување или асоцијација. Со ментално поврзување на ставките од линијата една со друга на креативен начин, ќе имате поголема веројатност да запомните отколку ако едноставно сте се обиделе да ја запаметите листата на памет.

Покомплексните информации - на пример долги броеви - полесно се запомнуваат кога ги делиме на делови. Познат пример за „делење“ е начинот на форматирање на телефонските броеви.

Ова се само од неколкуте начини како да ја подобрите вашата меморија на работното место па и воопшто за подобро помнење и извршување како на работните така и на секојдневните задачи со успех.

Промовирани огласи »

Пратениците го усвоија Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Во време на економска и енергетска криза точно ги мапиравме граѓаните на кои им е потребна помош и ги издвоивме: корисниците на право на социјална сигурност на стари лица; корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисници со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед. Самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок. Ова се лицата коишто ќе добијат помош од државата во наредните 4 месеци соодветно уредбите на Законот, појасни министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Таа посочи дека сите кои што спаѓаат во споменатите категории и се активни корисници на истите, нема потреба да аплицираат за финансиската помош од државата и рече дека списоците ќе бидат објавени на официјалната страна на Министерството за труд и социјална политика.

Сакам да порачам до сите граѓани дека ние како Влада се грижиме и неуморно секојдневно се залагаме. Безгрижни и материјално обезбедени граѓани значат успешна држава, а нашите постапки и активности се токму во таа насока. Продолжуваме да ја следиме состојбата на ранливите категории на граѓани и ве уверувам дека ние стоиме до вас, затоа што задоволни граѓани се цврсто јадро за успешна држава, истакна Тренчевска.  

Промовирани огласи »

На вработените во Твитер им било кажано дека деловните згради ќе бидат привремено затворени и дека одлуката стапува во сила веднаш.

Во пораката што ја имаа на увид од Би-Би-Си, на работниците им беше кажано дека канцелариите ќе бидат повторно отворени во понеделник, на 21 ноември.

Не беше наведена причината за оваа одлука.

Затворањето на канцелариите следи по најавата дека голем број вработени дале отказ откако новиот сопственик на компанијата Илон Макс изјави дека работниците можат да ги задржат своите работни места само доколку се согласат на подолго работно време и поинтензивна работа.

Работете подолго и повеќе или заминете, им рекол Маск на вработените во Твитер.

Пораката испратена до вработените гласи:

Ве молиме, продолжете да се придржувате до политиката на компанијата и да се воздржите од разговори за доверливи информации на компанијата на социјалните медиуми и со печатот.

Од Твитер не одговорија веднаш на прашањата испратени до нив од новинарите на Би-Би-Си.

Оваа недела Маск им кажа на вработените на Твитер дека треба да останат на работа подолго и да бидат подготвени да работат повеќе или да се откажат, објавија медиумите.

Во е-пошта испратена до вработените, новиот сопственик на компанијата рече дека работниците треба да се согласат со овие услови доколку сакаат да останат на работа, објави Вашингтон пост.

Оние кои не го потпишале овој договор до 17 ноември ќе добијат три месеци отпремнина, рече Макс.

Компанијата на почетокот на ноември објави дека ќе бидат отпуштени околу 50 отсто од вработените.

pic.twitter.com/rbwbsLA1ZG

— Elon Musk (@elonmusk) November 18, 2022

Денешното соопштение дека компанијата Твитер привремено ги затвора своите канцеларии следи по најавата дека голем број работници дале отказ бидејќи не ги прифатиле новите услови на Маск.

Вработените твитнаа користејќи го хаштагот #LoveWhereYouWorked заедно со емоџи за поздравување за да покажат дека ја напуштаат компанијата.

Мислам дека кога ќе се спушти прашината, веројатно ќе останат помалку од 2.000 луѓе, изјави за Би-Би-Си поранешен вработен во Твитер, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додаде дека сите во неговиот тим биле отпуштени.

Менаџерот на тимот доби отказ, како и неговиот претпоставен. И тогаш менаџерот на тој менаџер беше отпуштен.

Лицето над нив беше еден од менаџерите, тој беше отпуштен уште првиот ден. Значи, никој повеќе не е во тој синџир на команда, додаде тој.

Пред Маск да ја преземе контролата над Твитер, компанијата имаше околу 7.500 вработени.

Исто така, беше објавено дека компанијата вработувала илјадници работници на договор, од кои повеќето биле отпуштени.

Некои вработени рекоа дека се откажале иако биле подготвени да работат подолго и повеќе.

Не сакав да работам за некој кој постојано ни се закануваше преку е-пошта дека овде треба да работат само исклучителни твипови (вработени кои примаат и испраќаат твитови) кога веќе работев 60-70 часа неделно, рече еден поранешен вработен во Твитер.

Најбогатиот човек на светот стана извршен директор на социјалната платформа Твитер откако ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

Запрашан дали Твитер е на работ да се исклучи откако беше испратена пораката за затворање на канцеларијата, Маск напиша на Твитер:

„Најдобрите луѓе остануваат, па не сум премногу загрижен.

Фото: Unsplash/Youtube - screenshoot/Твитер

Промовирани огласи »

Новиот извршен директор на „Твитер“, Илон Маск, им рекол на вработените дека мора да се обврзат да работат „долги часови со висок интензитет“ или во спротивно ќе ја напуштат компанијата.

Во порака до персоналот, новиот сопственик на фирмата напишал дека работниците треба да се согласат со ветувањето доколку сакаат да останат, објави Вашингтон пост.

Маск соопшти дека Твитер „ќе треба да работи исклучително хардкор“ за да успее.

Ова ќе значи работа со долги часови со висок интензитет. Само исклучителните перформанси ќе претставуваат преодна оценка, рече тој.

Најбогатиот човек на светот веќе објави дека половина од персоналот на Твитер ќе бидат отпуштени, откако ја купи компанијата во договор од 44 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »