Промовирани огласи »

На вработените во Твитер им било кажано дека деловните згради ќе бидат привремено затворени и дека одлуката стапува во сила веднаш.

Во пораката што ја имаа на увид од Би-Би-Си, на работниците им беше кажано дека канцелариите ќе бидат повторно отворени во понеделник, на 21 ноември.

Не беше наведена причината за оваа одлука.

Затворањето на канцелариите следи по најавата дека голем број вработени дале отказ откако новиот сопственик на компанијата Илон Макс изјави дека работниците можат да ги задржат своите работни места само доколку се согласат на подолго работно време и поинтензивна работа.

Работете подолго и повеќе или заминете, им рекол Маск на вработените во Твитер.

Пораката испратена до вработените гласи:

Ве молиме, продолжете да се придржувате до политиката на компанијата и да се воздржите од разговори за доверливи информации на компанијата на социјалните медиуми и со печатот.

Од Твитер не одговорија веднаш на прашањата испратени до нив од новинарите на Би-Би-Си.

Оваа недела Маск им кажа на вработените на Твитер дека треба да останат на работа подолго и да бидат подготвени да работат повеќе или да се откажат, објавија медиумите.

Во е-пошта испратена до вработените, новиот сопственик на компанијата рече дека работниците треба да се согласат со овие услови доколку сакаат да останат на работа, објави Вашингтон пост.

Оние кои не го потпишале овој договор до 17 ноември ќе добијат три месеци отпремнина, рече Макс.

Компанијата на почетокот на ноември објави дека ќе бидат отпуштени околу 50 отсто од вработените.

pic.twitter.com/rbwbsLA1ZG

— Elon Musk (@elonmusk) November 18, 2022

Денешното соопштение дека компанијата Твитер привремено ги затвора своите канцеларии следи по најавата дека голем број работници дале отказ бидејќи не ги прифатиле новите услови на Маск.

Вработените твитнаа користејќи го хаштагот #LoveWhereYouWorked заедно со емоџи за поздравување за да покажат дека ја напуштаат компанијата.

Мислам дека кога ќе се спушти прашината, веројатно ќе останат помалку од 2.000 луѓе, изјави за Би-Би-Си поранешен вработен во Твитер, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додаде дека сите во неговиот тим биле отпуштени.

Менаџерот на тимот доби отказ, како и неговиот претпоставен. И тогаш менаџерот на тој менаџер беше отпуштен.

Лицето над нив беше еден од менаџерите, тој беше отпуштен уште првиот ден. Значи, никој повеќе не е во тој синџир на команда, додаде тој.

Пред Маск да ја преземе контролата над Твитер, компанијата имаше околу 7.500 вработени.

Исто така, беше објавено дека компанијата вработувала илјадници работници на договор, од кои повеќето биле отпуштени.

Некои вработени рекоа дека се откажале иако биле подготвени да работат подолго и повеќе.

Не сакав да работам за некој кој постојано ни се закануваше преку е-пошта дека овде треба да работат само исклучителни твипови (вработени кои примаат и испраќаат твитови) кога веќе работев 60-70 часа неделно, рече еден поранешен вработен во Твитер.

Најбогатиот човек на светот стана извршен директор на социјалната платформа Твитер откако ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

Запрашан дали Твитер е на работ да се исклучи откако беше испратена пораката за затворање на канцеларијата, Маск напиша на Твитер:

„Најдобрите луѓе остануваат, па не сум премногу загрижен.

Фото: Unsplash/Youtube - screenshoot/Твитер

Промовирани огласи »

Новиот извршен директор на „Твитер“, Илон Маск, им рекол на вработените дека мора да се обврзат да работат „долги часови со висок интензитет“ или во спротивно ќе ја напуштат компанијата.

Во порака до персоналот, новиот сопственик на фирмата напишал дека работниците треба да се согласат со ветувањето доколку сакаат да останат, објави Вашингтон пост.

Маск соопшти дека Твитер „ќе треба да работи исклучително хардкор“ за да успее.

Ова ќе значи работа со долги часови со висок интензитет. Само исклучителните перформанси ќе претставуваат преодна оценка, рече тој.

Најбогатиот човек на светот веќе објави дека половина од персоналот на Твитер ќе бидат отпуштени, откако ја купи компанијата во договор од 44 милијарди долари.

Промовирани огласи »

„Невера“ им се испорачува на купувачите со најголема брзина од 350 километри на час.

„Римац Невера“ развила брзина од 412 километри на час, што го прави овој модел најбрз електричен сериски автомобил на светот, пренесува „Аутоблог“.

Како што објаснуваат од компанијата, посебно барале патека со овален облик со доволно долги рамнини за да и овозможи на „Невера“ да развие максимална брзина.

”Невера“, при поставувањето на рекордот, е поставена во таканаречен „Top Speed Mod“, создавајќи аеродинамички профил кој го урамнотежува отпорот и ја потиснува силата за да се обезбеди стабилност при големи брзини, се наведува во соопштението и се додава дека „Невера“ била опремена со „Michelin“ гуми „Cup 2 P“, со надзор на техничари од „Michelin“ кои ја провериле нивната состојба.

Зад воланот бил Мирослав Зрнчевиќ, главен тестен и развоен возач, соопштиле од компанијата.

Излегувајќи од овалниот дел на патеката од свиокот, патувајќи со околу 250 км/ч, Мирослав ја ослободи полната сила на „Невера“ за да достигне брзина од 412 километри на час – точно колку што е симулирано на почетокот на проектот, објаснуваат од „Rimac Automobile“.

Постигнатата брзина ја прави „Невера“ најбрз сериски електричен автомобил, односно тоа е најголема брзина некогаш забележана на патеката „Automotive Testing Papenburg“. Брзината е измерена со помош на „Racelogic B-Box“, високо прецизен мерен уред базиран на GPS, стои во соопштението.

Производството е во седиштето на „Rimac“ во Јанкомир, а првите клучеви веќе ги добиле купувачите ширум светот.

Промовирани огласи »

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.

Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.

Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.

Порака за штедење упати и Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика, истакнувајќи дека во овој процес се многу важни граѓаните, институциите и компаниите и оти секој треба да направи мала промена во домот или на работното место кое ќе значи многу за енегетскиот систем.

Енергетскиот биланс за производството на струја од ЕСМ покажува дека вчера потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи се задоволени со домашно производство од 10 786 мегават часови и набавена струја во износ од 3 110 мегавачт часови. Во термоелектраните се произведени 7 834 мегават часови, а од обновливи извори на енергија 2 952 мегават часови струја.

Владата  донесе План за штедење со конкретни насоки за сите органи на државната управа, а заштедата на државните институции што почнаа да го применуваат планот од 1 септември,како што беше објавено, изнесува 20 проценти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »