Промовирани огласи »

Новиот буџет на десничарската италијанска влада на Џорџа Мелони ќе изнесува 30 милијарди евра и ќе биде насочен кон ограничување на цените на енергијата. Во италијанскиот парламент утре ќе се расправа за предлог-буџетот, а се предлага и укинување на ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година.

Со овој потег италијанската Влада се обидува да испрати порака дека се грижи за најсиромашните граѓани за време на криза, но опозицијата и здруженијата за правата на потрошувачите предупредуваат дека тоа е популистички и многу генерален предлог кој не ги таргетира најсиромашните, туку ги таргетира и најбогатите.

Кодаконс, италијанска организација за заштита на животната средина и правата на потрошувачите, вели дека оваа мерка на Мелони е всушност блеф кој нема да им помогне на граѓаните. Тие наведуваат дека намалувањето на ДДВ за лебот и млекото би создало минимална заштеда за потрошувачите од 15,8 евра по семејство годишно, пишува италијанскиот портал Анса.

Според податоците на италијанскиот национален институт за статистика (Истат), просечно семејство во Италија годишно троши 261,72 евра за леб, 140,40 евра за тестенини и 142,08 евра за млеко. Во случај на укинување на ДДВ, вкупната годишна заштеда е 21,56 евра. Италијанците би заштедиле 10,7 евра за леб, 6,90 евра за млеко и 5,40 евра за тестенини, покажуваат податоците на Истат.

Намалувањето на ДДВ за лебот, тестенините и млекото е медиумска мерка која не носи вистински бенефит за потрошувачите. Доколку владата навистина сака да ја поддржи потрошувачката на домаќинствата и да се бори со негативните ефекти од инфлацијата, треба да се намали ДДВ за сите прехранбени производи и основните потреби. Тоа е интервенција што би довела до просечна годишна заштеда од 180 евра за двојка без деца и до над 300 евра за семејство со повеќе од едно дете, изјави за Анса, Карло Риенци, шеф на италијанското здружение на потрошувачи.

Од најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ниту пекарите во Италија. Поради високите трошоци за материјали, состојки и енергија тие веќе ја покачија цената на лебот за 10 до 12 отсто.

За да профункционира предложената мерка од буџетот, пекарите ќе треба да ја намалат цената на лебот за речиси четири отсто и покрај зголемените трошоци и инфлацијата. Активистите предлагаат владата да го намали и ДДВ-то за струја и гас.

Исто така, сметаат дека треба да се обнови и исплатата на бонусот од 200 евра, што е предлог на италијанскиот претседател Марио Драги. Тие наведуваат дека на овој начин може да се даде конкретна помош за најзагрозените граѓани. 

Фото: EPA-EFE/RAQUEL MANZANARES

Промовирани огласи »

Производството на германскиот пазар е стабилизирано, чиповите од Кина повторно пристигнуваат, а времето на чекање за нови возила е многу пократко. Затоа Германците решија да ги намалат цените на 30-те најпродавани автомобили од средната класа, вклучувајќи го и Golf Passat, Fiat Ducato ‘, ‘Fiat 500’, ‘Mercedes C Class’, ‘BMW x3’, ‘Kia Sid’, ‘Audi’, ‘Toyota’… И во просек од 16,3 до дури 30 проценти.Hyundai i30“ ќе поевтини за 20 проценти, а се очекува и голем попуст за „Audi A3“.

Олег Клеус од компанијата „Мерцедес-Бенц“ потврди дека цените во Германија паѓаат и дека возачите на новите четири тркала ги очекуваат значителни попусти.

Работиме со полна пареа! Неколку милиони нови автомобили од средната класа се завршени и се подготвени да бидат дистрибуирани на пазарот по специјални цени. Станува збор за автомобили за кои испораката се чека и до десет месеци – вели Клеус.

Во автомобилската индустрија сè се врти околу бројките од продажбата, бидејќи тоа е најбрзиот начин да се заработат пари. Во интерес на фабриките е до Нова година да продадат се што имаат на залиха и да ја започнат 2023 година со нула – истакнува Херберт Дис од оваа автомобилска компанија.

Промовирани огласи »

Една тиктокерка станала вистински хит на социјалните мрежи откако го прикажала својот работен ден додека доставува за Амазон Флекс. Луѓето се враќаат на стариот начин на купување, а со тоа онлајн продажбата опаѓа. Поради тоа, доставувачите на Амазон останале без пакети за испорака.

Тиктокерката Дунам – Нелсон вели дека заработува 28 долари на час преку Амазон Флекс, програма која им овозможува на работниците да ги користат своите превозни средства за испорака.

Добра вест е што ќе земете плата. Сега можете слободно да си одите, изјавила Нелсон.

Во коментарите на нејзиното видео многумина напишале дека сакаат да заработуваат пари без да работат речиси ништо. Други ги споделиле своите искуства со програмата.

Дунам – Нелсон во делот наменет за коментари напишала „Убер за пакети“, а многумина покажале љубомора поради нејзината способност да работи за програмата, бидејќи биле на листата на чекање на Амазон „со години“.

Според Амазон, Флекс е достапен во преку 50 американски градови со „ограничени места“ за возачи во секој од нив.

Промовирани огласи »

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск соопшти дека профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е вратен, бидејќи корисниците на социјалната платформа го поддржаа потегот преку анкетата што ја иницираше.

Народот кажа, напиша Маск на Твитер, информирајќи дека 51,8 отсто од над 15 милиони корисници на Твитер гласале за враќање на профилот.

Поранешниот американски претседател, сепак, можеби нема да се врати на платформата бидејќи рече дека „не гледа причина за тоа“.

Неговиот профил беше суспендиран во 2021 година поради ризик од поттикнување насилство.

Претходниот менаџмент на Твитер го избриша профилот на Трамп неколку дена по нападот врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари, додека Конгресот се обидуваше да ја потврди победата на Џозеф Бајден на претседателските избори.

Во немирите што се случија за време на рацијата во просториите загинаа четворица цивили и еден полицаец.

После тоа, беа суспендирани профилите на Доналд Трамп на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, кои имаа десетици милиони следбеници.

Неколку месеци подоцна, Трамп л ансираше сопствена платформа Truth Social.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »