Промовирани огласи »

Високата инфлација и нестабилните пазари се причините поради кои луѓето повеќе се под стрес. Многу компании имаат иницијативи за управување со физичката и менталната благосостојба на нивните вработени. Бидејќи финансискиот стрес може да создаде и физичка и ментална болест кај работниците, работодавците треба да додадат иницијативи кои помагаат и за финансиската благосостојба на нивниот тим.

Знајте ги потребите. Помладите работници, милениумците и генерацијата Z, се позадоволни со добивање финансиски насоки и образование за управување со платите, пензионирањето и осигурувањето од нивните работодавци.

Понудете програма за финансиска благосостојба. Експертите велат дека промената на однесувањето е клучот за ослободување од финансискиот стрес за вработените.

Поставете програми за штедење. Компаниите можат да понудат бенефиција за образовниот долг - придонеси што се оданочуваат за да им помогнат на вработените да ги отплатат студентските заеми. Програмата за помош на вработените, вообичаено нуди бесплатни и доверливи проценки за проблемите на вработените, како и нудење советување, упатувања и дополнителни услуги.

Доколку вашето работно место ја зголемува вашата анксиозност, време е да ги погледнете најновите тековни работни позиции ТУКА.

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk денес го прославува својот 6ти роденден! Нашата успешна приказна оваа година решивме да ја прикажеме преку графички прикази кои гласно говорат за нашиот труд и посветеност. KARIERA.mk е приказна за 6 годишен константен раст и развој кој секојдневно го препознаваат компаниите во државата и регионот.

Анализите покажуваат дека последните 2 години се најуспешниот период од нашето работење, тоа го заклучуваме по најголемиот број на склучени соработки со компании од државата и регионот кои ни ја дале довербата за објава на нивните слободни работни места токму на нашиот сервис. 

Во графичкиот приказ подолу може да се забележи дека во однос на бројноста на огласите на нашиот сервис, единствено во 2020тата година бележиме пад на бројката на објавени огласи за врбаотување што е резултат на COVID кризата низ која поминаа сите светски и домашни компании. 2022рата е убедливо година во која бележиме најголема бројка на објавени огласи на нашиот сервис од нашето постоење.

На нашиот сервис во последниот период во секој момент може да се најдат преку 350 активни огласи категоризирани во 35 различни области и професии. KARIERA.mk е бренд кој е создаден да биде медијатор меѓу компаниите и физичките лица кои се во потрага по подобра иднина и кариеен развој и секојдневно работиме на нови методи за збогатување  на нашите активности. Најголем број на активни огласи во моментот се од категоријата продажен персонал.

Во изминатите 6 години на нашиот сервис се зачленија скоро 160.000 корисници. Најголем број на новозачленети бележиме во првата година од нашето постоење, односно во период од 2016та до крајот на 2017та. Интересно е што токму оваа година, бројот на нови зачленувања на нашиот сервис е најблиску до бројот на зачленети во 2017тата година и се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме да ја поминеме оваа одлична бројка.

На крајот, оваа анализа говори за тоа колку семејства со помош на  KARIERA.mk ги подобриле условите во своите домови и го нашле својот пат кон подобра верзија од себе.

Во текот на овие 6 години, успеавме да склучиме соработки со повеќе од 5170 компании од земјата и регионот, што го сметаме за особен успех на нашата компанија. Особено сме горди што нашето портфолио е разнолично по обмен на компаниите и по нивните дејности и локација.

Исклучително сум среќна што нашата енергија ја препознаваат клиентите кои од ден на ден се се побројни и позадоволни. Во нашето портфолио на клиенти имаме од најмали семејни бизниси од малите градови во државата до најголемите странски инвестиции и фабрики. Нашата компаниска култура е на сите да им посветиме посебно внимание и да им дадеме одлична услуга која ќе помогне во збогатување на нивните тимови, вели Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk


Како генерален директор на компанијата од особена важност ми е да ги следам анализите кои зборуваат за нашето движење кое е во постојан раст. Еден интересен факт е дека бројката на објавени огласи во 2020та и 2021ва е еднаква на бројот на огласи во 2022ра а ни преостануваат уште месец и половина до крајот на оваа календарска година. Друг интересен факт е тоа дека од вкупната бројка на зачленети корисници на нашиот сервис, поголемиот број на активни пребарувачи на работа се мажи.

За новата 2023та имаме голем број на планови и супер енергија со која сме сигурни дека ќе помогнеме како на компаниите така и на физичките лица кои се во потрага по ново работно место. Се радуваме на нашите успеси и внимателно чекориме кон нови проекти и достигнувања! Сите оние кои се во потрага по ново работно место ги покануваме да се зачленат на нашиот сервис а на компаниите кои имаат потреба од проширување на нивните тимови да не контактираат за соработка. 

KARIERA.mk, 6 години посветена работа и љубов. Нека ни е среќен 6тиот роденден!

Промовирани огласи »

Се возел пи јан зад трезен пријател на електричен тротинет и затоа привремено останал без возачката дозвола.

Така пресуди повисокиот суд во Олденбург, оценувајќи дека патник во алко холизирана состојба ја загрозил безбедноста на сообраќајот.

Тој се држел за воланот, рече портпаролот на судот во петокот, објаснувајќи ја пресудата во жалбениот процес.

Пресудата во прв степен беше иста. Во конкретниот случај полицијата при контрола констатирала дека осудениот бил во алкохо лизирана состојба далеку над дозволената граница.

Според тоа, законски му било дозволено да вози само придржувајќи се за возачот.

Полицијата и судот не ги земале предвид забелешките на осудениот дека немал контрола над брзината на тротинетот.

Промовирани огласи »

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,478 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,046 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 90,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,64 отсто, кај дизелот за 1,75, кај екстра лесното за 1,745 и кај мазутот за 4,114 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот е понизок за 0,112 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »