Промовирани огласи »

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер презентираше делови од предлог-законот со кој треба да се олесни стекнувањето германско државјанство и според кој наместо досегашните осум, државјанство може да се бара по пет или три години легален престој.

Наместо сегашните осум години, државјанството ќе се стекнува по пет години легален престој, а во случај на многу успешна интеграција, дури и по три години, рече министерката Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД) во интервју за неколку германски медиуми.

Брзо учење јазик

Под многу успешна интеграција, Фезер подразбира брзо учење на германскиот јазик и добра интеграција во работата или образовниот систем на земјата. „Предлог-законот е готов и е испратен на проверка до надлежните министерства“, соопштуваат од МВР.

Во истото соопштение се наведува дека деталите од законот веќе се договорени меѓу партиите од владејачката коалиција. Социјалдемократско-зелено-либералната влада во својот коалициски договор предвиде реформа на законот за стекнување државјанство. Според овој нацрт, децата родени во Германија автоматски би стекнале право на државјанство доколку еден од родителите легално престојувал во Германија најмалку пет години.

Намалени и јазични критериуми

За лицата над 67 години ќе се спуштат јазичните критериуми како услов за стекнување државјанство во иднина и ќе биде доволно барателот да може „вербално да комуницира“. „Со полесна процедура за стекнување државјанство сакаме да се запознаеме со генерацијата гастарбајтери кои дадоа значаен придонес во развојот на оваа земја“, рече Фезер.

Таа најави и дека треба лесно да се стекне двојно државјанство, што во моментов е забрането во Германија, со некои исклучоци. „За интеграција, познавањето на јазикот, образованието и признавањето на демократскиот поредок се многу поважни од прашањето дали апликантот има друго државјанство“, рече Фезер.

Неможноста да се задржи старото државјанство при добивањето на германското се смета за најголема пречка за зголемениот упис на странците, кои подолго време живеат во Германија, во регистарот на германски државјани. Граѓаните на Европската унија можат да го задржат старото државјанство и по добивањето германски пасош.

Промовирани огласи »

Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои денеска ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. Тој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Промовирани огласи »

Берлин го менува законодавството заради полесно добивање германско државјанство. 

Kaко што објасни германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер  наместо со осум, државјанство ќе може да се побара по пет односно три години легален престој.

Наместо сегашните осум години, државјанство ќе може да се добие по пет годиони легален престој, а во случај на многу успешна интеграција и по три години, изјави таа.

Под успешна интеграција таа подразбира брзо учење германски јазик и добро вклопување во работниот или образовниот систем на државата. Деца родени во Германија автоматски добиваат државјанство ако еден од родителите најмалку пет години легално престојува во Германија. Ова е добра вест за многу Балканци кои планираат да останат во Германија. Според податоци над Евростат, над 100.000 Македонци живеат во Германија. 

Промовирани огласи »

Не се остварија стравувањата на синдикалците за евентуална работа од дома претстојнава зима, поради енергетската и економската криза. Од Владата за ваквата идеја информираа на почетокот на октомври, во рамки на Планот за фискална консолидација.

Бројката на вработени во јавната администрација во екот на економската криза, нема да се намалува, но ќе мора да се намалат трошоците. Во време на криза сите треба да го понесеме товарот, не е време за калкулации, изјави тогаш вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Синдикатите остро реагираа на можноста да работат од дома, сметајќи дека тоа ќе влијае на износот на месечните примања. Трпе Деановски од Синдикатот на Управата (УПОЗ), за Цивил вели дека тие остануваат на истиот став, истакнувајќи дека штедењето со работа од дома е остварливо само ако институциите се целосно дигитализирани.

Ние уште стоиме на истиот став и сме против, бидејќи не е завршен процесот на дигитализација и ќе се намалат платите ако се работи од дома. Во ред е штедењето, но не е штедење ако институцијата да те натера да работиш од дома, да плаќаш повеќе струја, вода, интернет и уште платата да е намалена. Додека пак за некои институции што се целосно дигитализирани како Катастар, секако има можност да се работи од дома, вели Деановски.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно истакна дека целта не е да се кратат платите на работниците, туку со план да се консолидираат трошоците и да се подобри квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните. Тој кажа дека со ротирање на вработените ќе се намалат трошоците за електрична енергија, за греење, како и оперативните трошоци. Сепак, Ковачевски додаде дека консолидацијата на расходите во државните институции, вклучително и на јавните претпријатија и трговските друштва преку консолидација на трошоците за плати не значи намалување на платите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »