Промовирани огласи »

Во Собранието на Република Македонија е поднесен нов предлог за измена на законот за готовинско плаќање во делот на изрекување на казни за продавачите кои не располагаат со фискална каса и соодветна опрема. Според предлагачот Јован Митревски со група пратеници со предложените измени се предвидува да не се изрекува казна за забрана за вршење на дејност од 15 дена кај правното или физичкото лице каде е констатирано дека има недостиг на фискална каса бидејќи по истиот основ во законот веќе се предвидува глоба.

Со новиот предлог законско решение се бара да се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврзник физичко лице затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање на глоба.

- Со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон,  предлагаме согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија Предлогот на закон за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, да се донесе по скратена постапка.

Со членот 1 се врши измена во членот 20-а од постоечкиот закон, а се однесува на бришење на казната со која даночните обврзници покрај плаќањето на глобата им беа затворени и деловните простории што сметаме дека не допридонесува ниту за економски развој ниту да може даночниот обврзник без да ја обавува дејноста да плати казна и други давачки кон државата, стои во образложението на предлог законот.

Доколку неправилностите не се отстранат во предвидениот рок тогаш може да настане изрекување на мерката на забрана за привремено вршење на дејноста, а даночниот обврзник може да поведе спор пред управен суд, но тужбата не го одлага извршувањето на решението.

Промовирани огласи »

Во неодамнешно интервју, извршниот директор на Mercedes Benz изјави дека нивна конкуренција не се повеќе другите автомобилски компании, туку Tesla (очигледно), Google, Apple и Amazon.

Тој смета дека светот и нашите животи драматично ќе се променат во наредните 20 години.

– Софтверот ќе ги уништи повеќето традиционални индустрии во наредните 5 до 10 години.

– „Uber“ е само софтверска алатка, таа не поседува автомобили, а денес е најголемата такси-компанија во светот.

– „Airbnb“ денес е најголемата хотелска компанија во светот, иако не поседува никаков имот.

– Во Америка, младите адвокати повеќе не добиваат работни места. Благодарение на „Ај-би-ем Ватсон“ сега можете да добиете правен совет за неколку секунди со 90 отсто точност во споредба со 70 отсто точност кога советот доаѓа од луѓе. Затоа, ако студирате право, веднаш застанете. Во иднина ќе има 90 отсто помалку адвокати, ќе останат само специјалисти.

– „Watson“ веќе им помага на медицинските сестри да дијагностицираат рак, и тоа 4 пати попрецизно од човечките медицински сестри.

– „Facebook“ сега има софтвер за препознавање лица подобро од луѓето. Во 2030 година, компјутерите ќе бидат поинтелигентни од луѓето.

– Автономни автомобили: во 2018 година автономните автомобили ќе се појават во јавноста. Околу 2020 година целата индустрија ќе почне да се руши. Повеќе нема да сакате да поседувате автомобил. Ќе повикувате автомобил со вашиот телефон. Автомобилот ќе се појави на вашата локација и ќе ве одведе до саканата дестинација. Нема да има потреба да го паркирате, само ќе платите за возењето. Нашите деца нема никогаш да полагаат за возачка дозвола и никогаш нема да поседуваат автомобил.

– Ова ќе ги промени градовите бидејќи ќе ни бидат потребни 90 до 95 отсто помалку автомобили. Ќе можеме да ги трансформираме поранешните паркинзи во паркови. 1,2 милион луѓе секоја година умираат во сообраќајни несреќи низ светот. Сега имаме една сообраќајна несреќа на 100.000 километри. Со автономните автомобили ќе има една сообраќајна несреќа на 10 милиони километри. Со тоа ќе се спасуваат по милион жители секоја година.

– Повеќето автомобилски компании веројатно ќе банкротираат. Традиционалните автомобилски компании ќе го пробаат еволутивниот пристап и ќе изградат подобар автомобил, додека технолошките компании („Тесла“, „Епл“, „Гугл“) ќе одат со револуционерниот пристап и ќе изградат компјутер на тркала.

– Многу инженери од „Фолксваген“ и „Ауди“ се исплашени од „Тесла“. Осигурителните компании ќе имаат големи проблеми бидејќи без сообраќајните несреќи, осигурувањето ќе стане 100 пати поевтино. Нивниот бизнис-модел за осигурување на автомобили ќе исчезне.

– Недвижниот имот ќе се промени. Бидејќи ако можете да работите додека патувате, луѓето ќе се преселат подалеку за да живеат во поубава околина.

– Електричните автомобили ќе станат мејнстрим околу 2020 година. Градовите ќе бидат помалку бучни бидејќи новите автомобили ќе работат на електрична енергија. Електричната енергија ќе стане евтина и чиста.

Енергетските компании очајно се обидуваат да го ограничат пристапот до мрежата за да ја спречат конкуренцијата од домашните соларни инсталации.

– Со евтината електрична енергија доаѓа евтината вода. За десалинизација на солената вода сега се потребни само 2 киловати за кубен метар. Замислете секој да може да има чиста вода колку што сака, без трошоци.

– Здравје: цената на „Трикодер Екс“ ќе биде објавена оваа година. Постојат компании што ќе изградат медицински уред кој работи со вашиот телефон, што ќе може да ја скенира мрежницата, примерок од крвта и вашиот здив. Потоа анализира 54 биомаркери кои ќе ја идентификуваат речиси секоја болест. Ќе биде евтино, така што за неколку години секој на оваа планета ќе има пристап до медицинска анализа од светска класа, скоро бесплатно.

– 3Д-печатење: цената на најевтиниот 3Д печатач се спушти од 18.000 долари на 400 долари во период од 10 години. Истовремено, стана 100 пати побрз. Сите големи компании за чевли веќе започнаа со 3Д-печатење на чевли.

– Некои резервни делови од авионите веќе се печатат со помош на 3Д-печатач во оддалечените аеродроми. Вселенската станица сега има печатач што ја елиминира потребата за голема количина резервни делови што ги користеле во минатото.

– На крајот од оваа година новите паметни телефони ќе имаат можност за 3Д-скенирање. Тие ќе можат да ги скенираат вашите нозе и да ги испечатат вашите совршени чевли дома.

– Во Кина веќе е испечатена и првата комплетна шесткатна канцелариска зграда со помош на 3Д-печатач. До 2027 година, 10 отсто од сè што ќе се произведува ќе биде 3Д-печатено.

– Работа: 70-80 отсто од работните места ќе исчезнат во наредните 20 години. Ќе има многу нови работни места, но не е јасно дали ќе има доволно нови работни позиции за толку малку време.

– Земјоделство: ќе има земјоделски робот за 100 долари. Фармерите од земјите во третиот свет ќе можат да станат менаџери наместо да работат цел ден на полињата.

– Постои апликација наречена „Мудис“ која може да ви каже во какво расположение сте. До 2020 година ќе има апликации кои преку изразите на лицето ќе можат да кажат дали лажете.

– Биткоин можеби дури и ќе стане стандардна резервна валута.

– Долговечност: сега, просечниот животен век се зголемува за 3 месеци. Пред 4 години животниот век беше 79 години, а денес е 80. До 2036 година ќе продолжи да се зголемува за една година. Така, сите би можеле да живееме долго, веројатно повеќе од 100 години.

– Образование: најевтините паметни телефони се 10 долари во Африка и Азија. До 2020 година, 70 отсто од сите луѓе ќе поседуваат паметен телефон. Тоа значи дека секој ќе има пристап до образование од светска класа.

– Секое дете ќе може да ја користи академијата „Кан“. Има изданија на овој софтвер во Индонезија, а летово ќе има и изданија на арапски и на кинески.

Промовирани огласи »

Специјалното јавно обвинителство распиша оглас за вработување на определено време на 30 советници и соработници. 

СЈО има потреба од вработување на определено време за следните работни места:
 

Јавнообвинителски службеници:

1. Виш јавнообвинителски советник – 5 (пет) извршители

2. Советник информатичар – 1 (eдeн) извршител

3. Советник економист – 4 (четири) извршитсли

4. Виш стручен јавнообвинителски соработник – 3 (три) извршители

5. Стручен јавнообвинителски соработник – 2 (два) извршитела

6. Соработник економист -1 (еден) извршител

7. Соработник преведувач – 1 (еден) извршител

8. Помлад јавонобвинителски соработник – 6 (шест) извршители

9. Помлад соработник – 2 (два) извршитела

10. Самостоен јавнообвинителски референт дактилограф – 5 (пет) извршители

11. Помлад референт извршител во одделение за финансиски истраги – 1 (еден) извршител

Лица што вршат технички и помошни работи:

12. Доставувач – 2 (два) извршитела

13. Хаузмајстор – 1 (еден) извршител

14. Работинк во бифе – 1 (еден) извршител

Промовирани огласи »

За да имате супер идеја, ќе треба и да имате многу идеи од кои ќе се родат дополнителни размислувања и така ќе дојдете до вистинската мастер идеја.

Прво идеите се резултат на креативен процес кој вие како еден претприемач. Всушност ова е појдовниот сегмент од кој се гради нешто свое. 

Тој процес користи одредени потенцијали и компетенции во поединците како можност за согледување на потреби, препознавање на проблеми, препознавање на трендови, поврзување на коцкичките и слично. Но, сепак тоа само идеја, а идеја не е готов производ, таа е производ на креативноста, односно сонување како што често пати многу успешни претприемачи кажуваат.

Таквите идеи не одземаат време, тие едноставно доаѓаат и доколку се складираат нема да се изгубат, што значи дека го зголемуваат капиталот на вашата идна компанија. Таквите идеи не бараат пари, бидејќи сеуште нема да се имплементираат. Тие се само збир на зборови кои опишуваат нешто што можеби би било добро да го правите во иднина. Значи, од поседување на повеќе идеи зијан нема да бидете.

Кога имате повеќе идеи конкурентноста помеѓу идеите е поголема. Ова ви е исто како и на еден пазар, колку е поголема конкуренцијата толку е поголема и веројатноста за подобар квалитет на онаа што се нуди.
Кога имате само една идеја ризикувате да ја имплементирате само затоа што е единствена без разлика дали е добра или лоша.

Повеќе идеи бараат аналитичност, експериментирања, тестирања и споредувања. Кога имате за една работа повеќе идеи, ќе мора да ги анализирате, да ги споредувате, тестирате и експериментирате се со цел да се осигурате дека ќе ја имплементирате најдобрата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »