И најбогатиот Кинез на светот Џек Ма, сопственик на гигантот во електронската трговија Алибаба, би можел наскоро да стане жител на оваа држава. Нов Зеланд во изминатите неколку година стана дестинација која за свој дом ја бираат најбогатите луѓе на светот, пишува Блумберг, а пренесе хрватски Пословни дневник.
Оддалечен „само“ еден ден лет од светските престолнини, Нов Зеланд нуди мир и сигурност без конкуренција на светот, тврди Мајкл Нок, мултимилионер од од Хонг Конг и основач на инвестициониот фонд „Doric Capital Corp“.
Изгледа дека оддалеченоста од остатокот на светот, која со години беше еден од најголемите проблеми на Нов Зеланд, конечно почна да работи во корист на ова островско кралство.
На Нов Зеланд изгледа се сите – од рускиот магнат Александар Абрамов, американски инвеститори, ИТ богаташи, па до познатиот режисер Џејмс Камерон кој во Нов Зеланд се заљуби во текот на снимањето на трилогијата „Господар на прстените“.
И најбогатиот Кинез на светот Џек Ма, сопственик на гигантот во електронската трговија Алибаба, би можел наскоро да стане Киви, како во жаргон се нарекуваат жителите на островот и тоа по птицата која е заштитен знак на оваа држава.
Дека Ма не е единствен кој сака да стане Киви сведочат и повеќе од 10 000 барања за преселување кои на имиграционите власти на Нов Зеланд им ги упатиле граѓаните на Велика Британија после референдумот за Брегзит.
Колкав е голем интересот за Нов Зеланд, сведочи и фактот дека цените на недвижнини на островите само во последните година дена пораснале за скоро 13 отсто, а дека се дупло поголеми отколку што биле во 2007 година.
На растот на цените на недвижнини влија и се поголемиот број на Новозеланѓани кои после кариерата во светот се одлучуваат своите семејства да ги засноваат дома, каде што, како велат, е најсигурно.