Професори од универзитетот Харвард составија листа од најчестите 10 замки за старт ап компаниите, кои апсолутно можат да се применат и на македонскиот пазар.
Прв совет од нив е ако сакате да започнете своја компанија, треба да изберете сектор кој не бара големи трошоци за развој на производи, како на пример веб страница или мобилнаапликација, а останатите нивни препораки прочитајте ги во продолжение…
1. Акумилирајте средства пред самиот почеток на проектот.Планирајте намалување на ризикот на работата. Тоа вклучува проценка колку пари ќе ви требаат за финансирање на проектот доколку не почне да се остварува одредениот поврат на инвестициите. Самофинансирањето е секогаш најсигурниот пристат за старт ап компаниите, но добро може да дојде и помошта од некои фондови или институции.
2. Задржетеја вашата работа додека не почнете да заработувате од старт- ап проектот. Обично основачите на старт ап компании на своите проекти работат за време на викендите или навечер, а зачувувањето на постојаното вработување им овозможува преживување за време на првите, критични години од работата.
3. Побарајте помош од пријателите или роднините. Ако се одлучите на самофинансирање, паричната помош од роднините и пријателите е најчест извор на средства за старт ап проекти во раната фаза од развојот. Инвеститорите се обично внимателни и тешко се вклучуваат во раните фази од работата, додека сеуште постои многу несигурност.
4. Користите „crowd funding“. Ова е еден од најпопуларните начини за воспоставување на финансиски рамки за нови компании, а тоа го овозможуваат интернет страниците како Kickstarter. Таму може да го претставите својот проект, а ако е тој перспективен, може да добиете понуди од разни инвеститори, мали и големи, кои ќе ви помогнат да го преживеете почетокот на развојот на компанијата.
5. Пријавете се на натпреварување за стипендии и награди. Многу Влади ги кофинансираат истражувањата и развојот на модерните технологии. Иако ваквите натпревари, или пријава за користење средства од разни владини фондови бараат многу време и труд, на крај доколку сте успешни тоа може да се исплати.