Промовирани огласи »

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и владина делегација денеска се во главниот град Латвија, Рига, каде присуствуваа на петтиот состанок на Шефовите на Влади на земјите од средна и источна Европа и Кина.

Овој Самит се одржува веќе петта година по ред и неговата основна цел е унапредување на мултилатералната соработка на земјите учеснички, како и унапредување на билатералната соработка на секоја од земјите учеснички со Народната република Кина.

Една од охрабрувачките пораки од Самитот на кинескиот премиер е Кина да инвестира во земјите од регионот.

Екипа на ТВ Нова известува директно од Рига.

Промовирани огласи »

Главните берзански индекси во САД во петокот забележаа пад, што е нивно најдолго паѓање од 1980 година, благодарејќи на неизвесноста на претседателските избори во вторник и покрај позитивниот тренд на економските показатели.

ндексот Dow Jones се намали за 0,24 отсто, на 17.888 поени, индексот Nasdaq падна исто така за 0,24 проценти, на 5.046 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,17 отсто, на 2.085 индексни поени, и тоа е деветти ден со ред како тоне.

Американскиот претседателски избори ќе се одржат на 8-ми ноември, а на четири дена до нив продолжува да паѓа довербата во фаворитката Хилари Клинтон. Така, во анкетата на The Los Angeles Times кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп ја има поддршката од 47,5 отсто испитаници, а неговата противкандидатка од Демократската партија – Клинтон, ја поддржале 42,5 отсто. Сепак, повеќето други национални анкети покажуваат дека поранешната државна секретарка има минимална предност пред њујоршкиот магнат.

Пазарите, имено, ја преферираат Клинтон, бидејќи сметаат оти победата на Трамп ќе предизвика несигурност по прашањата за внатрешната, надворешната и економските политики.

Стапката на невработеноста во САД паднала во октомври на 4,9 отсто од септемвриските 5 проценти, а бројот на работните места во неземјоделските сектори на економијата се зголемил за 161.000, што е помалку отколку што очекуваа аналитичарите.

Трговскиот дефицит на САД во септември се намалил за 4 милијарди долари, или за 10 отсто во споредба со ревидираниот показател во август, и изнесувал 36,4 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа намалување на овој показател до 38,5 милијарди долари.

„Извештајот за вработувањата го потврди тековниот тренд, и тој е позитивен. Слабоста, за којашто сме сведоци последните неколку седмици, делумно се должи на одржувањето на изборите, што продолжува да ги вознемирува вложувачите, како и корекциите на високите рејтинзи и просечните приходи на компаниите“, вели за агенцијата MarketWatch Марис Ог, директор во „Tower Bridge Advisors“.

Промовирани огласи »

Околу 1.100 производители на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година.

Најмногу апликации има за кравјо, помалку за овчо млеко, а за козјо воопшто нема барања. 

Апликациите за субвенциите земјоделците ги поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Висината на поддршката е 3,5 денари по литар. 

Во овој дел на Македонија претходните години имаше по  1.300 апликации, но сега добитокот е намален што се одразува на барањата за субвенции. 

Промовирани огласи »

Пред 4 дена и амерички  Лиар корпорејшн  во Тетово отвори прв производствен капацитет во Македонија.На 12000 м2, лоцирана во ТИРЗ Тетово, фабриката располага со современа технолошка опрема за производство на  седишта и електрични системи за автомобилската индустрија.

Производите на светскиот бренд Лиар се дизајнирани и произведени од разновиден тим од 140.000 вработени, во 36 земји. Фабриката ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, меѓу нив и компаниите Јагуар и Ленд Ровер. Нормак инвестмент груп вложи 10 милиони евра само за изградба на објектот на Лиар. Компанија започна со работа на браунфилд локација во Гостивар, најпрвин вработи  300 лица  за шиење ткаенина за производство на автомобилски навлаки за седишта.

До 2018 година е планирано  бројот на директни и индиректни вработувања да се искачи до 3000 лица. Статистиката покажува дека само во Тетово изминатите неколку години има огромен пад на невработеноста. Во 2005-тата година, бројот на невработени изнесувал 27.300, за истиот денес да бележи пад на 18.400 невработени, што значи околу 9000 нови вработувања само во тетовско. Фабриката Лиар ќе обезбеди и дополнителен приход за околу 3.000 семејства во полошкиот регион.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »