Промовирани огласи »

Професори од универзитетот Харвард составија листа од најчестите 10 замки за старт ап компаниите, кои апсолутно можат да се применат и на македонскиот пазар.

Прв совет од нив е ако сакате да започнете своја компанија, треба да изберете сектор кој не бара големи трошоци за развој на производи, како на пример веб страница или мобилнаапликација, а останатите нивни препораки прочитајте ги во продолжение…

1. Акумилирајте средства пред самиот почеток на проектот.Планирајте намалување на ризикот на работата. Тоа вклучува проценка колку пари ќе ви требаат за финансирање на проектот доколку не почне да се остварува одредениот поврат на инвестициите. Самофинансирањето е секогаш најсигурниот пристат за старт ап компаниите, но добро може да дојде и помошта од некои фондови или институции.

2. Задржетеја вашата работа додека не почнете да заработувате од старт- ап проектот. Обично основачите на старт ап компании на своите проекти работат за време на викендите или навечер, а зачувувањето на постојаното вработување им овозможува преживување за време на првите, критични години од работата.

3. Побарајте помош од пријателите или роднините. Ако се одлучите на самофинансирање, паричната помош од роднините и пријателите е најчест извор на средства за старт ап проекти во раната фаза од развојот. Инвеститорите се обично внимателни и тешко се вклучуваат во раните фази од работата, додека сеуште постои многу несигурност.

4. Користите „crowd funding“. Ова е еден од најпопуларните начини за воспоставување на финансиски рамки за нови компании, а тоа го овозможуваат интернет страниците како Kickstarter. Таму може да го претставите својот проект, а ако е тој перспективен, може да добиете понуди од разни инвеститори, мали и големи, кои ќе ви помогнат да го преживеете почетокот на развојот на компанијата.

5. Пријавете се на натпреварување за стипендии и награди. Многу Влади ги кофинансираат истражувањата и развојот на модерните технологии. Иако ваквите натпревари, или пријава за користење средства од разни владини фондови бараат многу време и труд, на крај доколку сте успешни тоа може да се исплати.

Промовирани огласи »

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и владина делегација денеска се во главниот град Латвија, Рига, каде присуствуваа на петтиот состанок на Шефовите на Влади на земјите од средна и источна Европа и Кина.

Овој Самит се одржува веќе петта година по ред и неговата основна цел е унапредување на мултилатералната соработка на земјите учеснички, како и унапредување на билатералната соработка на секоја од земјите учеснички со Народната република Кина.

Една од охрабрувачките пораки од Самитот на кинескиот премиер е Кина да инвестира во земјите од регионот.

Екипа на ТВ Нова известува директно од Рига.

Промовирани огласи »

Главните берзански индекси во САД во петокот забележаа пад, што е нивно најдолго паѓање од 1980 година, благодарејќи на неизвесноста на претседателските избори во вторник и покрај позитивниот тренд на економските показатели.

ндексот Dow Jones се намали за 0,24 отсто, на 17.888 поени, индексот Nasdaq падна исто така за 0,24 проценти, на 5.046 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,17 отсто, на 2.085 индексни поени, и тоа е деветти ден со ред како тоне.

Американскиот претседателски избори ќе се одржат на 8-ми ноември, а на четири дена до нив продолжува да паѓа довербата во фаворитката Хилари Клинтон. Така, во анкетата на The Los Angeles Times кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп ја има поддршката од 47,5 отсто испитаници, а неговата противкандидатка од Демократската партија – Клинтон, ја поддржале 42,5 отсто. Сепак, повеќето други национални анкети покажуваат дека поранешната државна секретарка има минимална предност пред њујоршкиот магнат.

Пазарите, имено, ја преферираат Клинтон, бидејќи сметаат оти победата на Трамп ќе предизвика несигурност по прашањата за внатрешната, надворешната и економските политики.

Стапката на невработеноста во САД паднала во октомври на 4,9 отсто од септемвриските 5 проценти, а бројот на работните места во неземјоделските сектори на економијата се зголемил за 161.000, што е помалку отколку што очекуваа аналитичарите.

Трговскиот дефицит на САД во септември се намалил за 4 милијарди долари, или за 10 отсто во споредба со ревидираниот показател во август, и изнесувал 36,4 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа намалување на овој показател до 38,5 милијарди долари.

„Извештајот за вработувањата го потврди тековниот тренд, и тој е позитивен. Слабоста, за којашто сме сведоци последните неколку седмици, делумно се должи на одржувањето на изборите, што продолжува да ги вознемирува вложувачите, како и корекциите на високите рејтинзи и просечните приходи на компаниите“, вели за агенцијата MarketWatch Марис Ог, директор во „Tower Bridge Advisors“.

Промовирани огласи »

Околу 1.100 производители на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година.

Најмногу апликации има за кравјо, помалку за овчо млеко, а за козјо воопшто нема барања. 

Апликациите за субвенциите земјоделците ги поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Висината на поддршката е 3,5 денари по литар. 

Во овој дел на Македонија претходните години имаше по  1.300 апликации, но сега добитокот е намален што се одразува на барањата за субвенции. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »