Промовирани огласи »

Вредноста на британската фунта во однос на доларот и еврото скокна по одлуката на Врховниот суд на Обединетото Кралство почетокот на Брегзита да биде изгласан во парламентот на земјата, пишува весникот The Daily Express. 

Согласно објавените податоци за прв пат во три недели фунтата достигна 1,24 долари, а во однос на единствената валута на ЕУ е регистриран еднонеделен врв од 89.135 фунти за евро.

Фунтата будно се следи последниве месеци. 

Британската фунта падна за над 10% за само 6 часа по гласањето за излез на Британија од ЕУ летово. 

Финансиските пазари во светот реагираа веднаш со пад на акциите во повеќе земји. 

Промовирани огласи »

И најбогатиот Кинез на светот Џек Ма, сопственик на гигантот во електронската трговија Алибаба, би можел наскоро да стане жител на оваа држава. Нов Зеланд во изминатите неколку година стана дестинација која за свој дом ја бираат најбогатите луѓе на светот, пишува Блумберг, а пренесе хрватски Пословни дневник.

Оддалечен „само“ еден ден лет од светските престолнини, Нов Зеланд нуди мир и сигурност без конкуренција на светот, тврди Мајкл Нок, мултимилионер од од Хонг Конг и основач на инвестициониот фонд „Doric Capital Corp“.

Изгледа дека оддалеченоста од остатокот на светот, која со години беше еден од најголемите проблеми на Нов Зеланд, конечно почна да работи во корист на ова островско кралство.

На Нов Зеланд изгледа се сите – од рускиот магнат Александар Абрамов, американски инвеститори, ИТ богаташи, па до познатиот режисер Џејмс Камерон кој во Нов Зеланд се заљуби во текот на снимањето на трилогијата „Господар на прстените“.

И најбогатиот Кинез на светот Џек Ма, сопственик на гигантот во електронската трговија Алибаба, би можел наскоро да стане Киви, како во жаргон се нарекуваат жителите на островот и тоа по птицата која е заштитен знак на оваа држава.

Дека Ма не е единствен кој сака да стане Киви сведочат и повеќе од 10 000 барања за преселување кои на имиграционите власти на Нов Зеланд им ги упатиле граѓаните на Велика Британија после референдумот за Брегзит.

Колкав е голем интересот за Нов Зеланд, сведочи и фактот дека цените на недвижнини на островите само во последните година дена пораснале за скоро 13 отсто, а дека се дупло поголеми отколку што биле во 2007 година.

На растот на цените на недвижнини влија и се поголемиот број на Новозеланѓани кои после кариерата во светот се одлучуваат своите семејства да ги засноваат дома, каде што, како велат, е најсигурно.

Промовирани огласи »

Централната банка на Русија (ЦБР) во септември купила најмногу злато во светот, пишува Business Insider, цитирајќи податоци на Светскиот совет за злато (WGC).

Русите купиле за државните резерви 16,55 тони злато. Според податоците на WGC Москва дваесетти последователен месец купува неколку количини од скапоцени метали. Покрај Русија, минатиот месец на второто и третото место по купување на злато се централните банки на Кина (4,98 тони) и Казахстан (4,14 тони). Турската централна банка купила 13,5 тони злато. Во септември просечните цени на златото биле 1316 долари за унца, а во октомври се намалија до 1250 долари.

Промовирани огласи »

Новосоздадените мали и средни компании во Македонија мака мачат да преживеат. Најголеми проблеми со кои се соочуваат се правната регулатива, како и недостигот на квалификуван кадар и на квалитетни извори на капитал, покажува анализата на професорот Вељанд Рамадани. Статистиката покажува дека бројот на фирмите со помалку од 10 вработени, во последните пет години, е намален за речиси 7.000. Според Рамадани, владините мерки за поддршка на овие претпријатија не обезбедуваат одржливост на подолг временски рок.

Податоците велат дека најголем број од новоформираните фирми, околу 20 – 25 отсто згаснуваат уште во првата година. Домашните стопанственици велат дека некако не ги чувствуваат сите мерки кои доаѓаат од владината програма и постојано бараат мерки кои се опипливи и кои може да придонесат да се подобри нивната конкурентска предност на домашниот и на странските пазари.

Рамадани предлага низа мерки за подобрување на состојбите, кои пред се` се однесуваат на зголемување на праксата во високото образование, како и на изнаоѓање алтернативни начини за финансирање на новосоздадените бизниси.

И анализите на стопанските комори покажуваат дека тешкиот пристап до пари и неликвидноста се најголемата болка на малите и средните претпријатија. На малите и средните претпријатија секогаш им бил најголем предизвикот да опстанат на пазарот. Најпрво, приливот на свеж капитал односно можноста да се добијат средства е она што е најкритично во текот на нивното работење и нормално да можат да ги сервисираат обврските за да опстојат и да ги задржат оние вработувања кои ги имаат генерирано.

Малите и средните претпријатија учествуваат со 55 отсто во бруто домашниот производ на државата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »