Додека на пазарот во САД е во очекување „Dow Jones“ да ја премине границата од 20.000 поени, компанијата на Ворен Бафет веќе оствари уште рекорд.
Вчера, во раната трговска сесија, акциите од класата „А“ на инвеститорот од Небраска успеаа да го преминат нивото од 250.000 долари.
Ова се случува 54 години по првото купување на Бафет во „Berkshire Hathaway“. „CNBC“ информира дека првите купувања се остварени на ниво од 7,50 долари, што претставува 60.03 долари денес, со искалкулирана инфлација.
Бафет купува повеќе од половина од компанијата во 1965-та година.
Од почетокот на 2016-та година акциите од класа „А“ додале 26,2 отсто. Високата цена тера дел од аналитичарите да сметаат дека Бафет може да преземе поделба на цената, но тој вели дека нема слични намери, бидејќи би сакал само сериозни инвеститори во компанијата.
Не сакам инвеститори, кои сметаат дека можат да направат многу пари за брзо време, купувајќи акции од компанијата“, вели Бафет во биографската книга „The Snowball“ на Алис Шредер.
Инвеститорите кои немаат 250.000 долари, би можеле да инвестираат во акциите од „B“ класата на компанијата. Нивната проценка е направена така што никогаш да не надминува 1/1500 дел од вредноста на компанијата.
Растот на позицијата од почетокот на 2016-та година, исто така е од 26% до 166 долари во готово.
Бафет денес има 18% од акциите од класата „А“, кои се проценуваат на 73 милијарди долари.
Само за потсетување дека границата од 200.000 долари беше надмината за прв пат во август 2014-та година.