Промовирани огласи »

Џек Ма, лидерот на кинескиот технолошки гигант „Алибаба“, подолго време се наоѓа во Јапонија. Американските медиуми објавија дека тој со семејството живее во Токио веќе неколку месеци. Ова е голема промена од неговите претходни патувања, кога патуваше низ целиот свет на средба со врвната светска елита.

Ненадејниот прекин во неговиот живот и работа дојде по жестокиот говор што го одржа во Шангај во 2021 година, кога изрази ставови за финансиските реформи што не им се допаднаа на регулаторите на владејачката партија.

Неговото присуство во јавноста е важно бидејќи директно влијае на вредноста на акциите на неговата компанија „Алибаба“ и нејзината ќерка „Ант“, па по овој говор во Шангај тие паднаа за 10 отсто.

Јавните настапи на Џек Ма

Малото село Тонглу беше првото место каде што ненадејно се појави по бурните настани и се обрати на видео од училиштето за важноста на образованието. Оваа посета беше подготвена во тајност и беше големо изненадување.

Првото патување надвор од Кина по ненадејното повлекување „во сенка“ пловеше во шпанските води минатата година, а подоцна беше објавено дека тоа е патување со деловни партнери за еколошки прашања во земјоделството и технологијата. Виден е и во Холандија, а неодамна и во САД, Израел и на јапонските скијачки центри.

Пред овие „мирни“ патувања, тој водел турбулентен живот. По неговата позната вечера во Давос, каде што ја собра светската елита, како Бил Гејтс, авионот на Ма полета за Бордо, каде што купи замоци и лозја. Тој продолжи со тоа темпо, а потоа се состана со тајландскиот премиер Прајут Чан-оча во април и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јорданскиот крал Абдула Втори во мај, по што следеа посети на низа светски метрополи во текот на летото 2018 година. Податоците за летовите од Радарбокс и Flightradar24 сугерираат дека поминал повеќе од половина година надвор од Кина.

Брзиот раст на компанијата

Растот на империјата на Ма одеше рака под рака со развојот на Интернетот. Од стартап „гаража“, тој прерасна во платформа која секојдневно ја користат стотици милиони луѓе ширум светот.

Во Кина, неговата лична приказна стана модерна бајка за надминување на пречките и успех. Му требаа три години да помине тежок тест во земјата за да се запише на факултет. KFC го одби за работа во ресторан. На крајот на краиштата, годините што ги помина усовршувајќи го својот англиски јазик покажувајќи им на странците низ неговиот роден град му помогнаа да се издигне на универзитетот. Ма стана професор по англиски јазик, а потоа го основаше својот прв интернет старт-ап, China Pages, кој креираше веб-страници за бизниси, објави Фајненшл тајмс.

Во 1999 година, тој собра група пријатели во неговиот стан во Хангжу за да ја основа Alibaba, со цел преку Интернет да ги поврзе кинеските фабрики со клиентите ширум светот. Alipay започна да експериментира со QR-кодови кои дојдоа да го трансформираат секојдневниот живот во Кина со тоа што плаќањата со паметни телефони станаа сеприсутни. „Алибаба“ стоеше во центарот на сето ова; стана место за средната класа да купува стоки „онлајн“.

Така пораснало богатството и моќта на Џек Ма, кој имал поддршка од властите за неговата работа во тоа време бидејќи ширел кинеско влијание и придонесувал за економскиот развој на земјата.

Повеќе детали на Блиц.бизнис

Промовирани огласи »

 Денеска се навршува една година од стапувањето во сила на повторната забрана на пластичните кеси. Како и при првата забрана од 2013, и по забраната од 2021, употребата на пластичните кеси продолжи. Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика, се наведува во соопштението од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.

Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони, а ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо, како што стои во соопштението, продолжи и оваа година.

Според Иницијатива за ослободување од еднократна пластика, единствениот позитивен исчекор што е направен е во однос на т.н. биоразградливи пластични кеси кои се продаваат на каса. – Иако продолжи употребата и на овие кеси, намалувањето е очигледно. Тоа се должи, покрај на цената што се наплаќа за нив, и на знаењето на граѓаните дека постои алтернатива за користењето пластични кеси, имено, платнените торби, се посочува во соопштението.

Но, ваквото подобрување, како што велат од Иницијативата, не се отсликува кај употребата на останатите пластични кеси. – По краткотрајното почитување на законот со пуштање во промет на хартиени кеси за овошје и зеленчук, набрзо следуваше враќање на забранетите пластични кеси, често придружено со трагикомичниот обид за изигрување на законот преку сечење на рачките. На овој начин, дури и се зголеми вкупното количество на пластични кеси, бидејќи ваквите кеси се непрактични, полесно се кинат, па многу граѓани едноставно ги фрлаат, создавајќи дополнително пластично ѓубре, се наведува во соопштението.

Од Иницијативата сметаат дека главната причина за кршењето на законот е непознавањето одржлива алтернатива на пластичните кеси при пазарењето овошје и зеленчук.

А таква алтернатива постои. Не мора да се купува овошје и зеленчук во пластични или хартиени кеси. Може за таа намена повеќекратно да се користат мрежи за овошје и зеленчук. Но, ваквите мрежи речиси воопшто ги нема на македонскиот пазар. Вината за ваквата состојба првенствено ја лоцираме кај Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е должно, со парите што се добиени од продажбата на пластичните кеси, да преземе мерки, како за информирање на граѓаните за алтернативата со мрежите за овошје и зеленчук, така и за поттикнување на производство на овие мрежи, се посочува во соопштението.

Од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика, истакнуваат дека проблемот на загадувањето со пластика е сериозен проблем.

Не се рециклира целата пластика. Глобално, само 9 отсто од пластиката се рециклира, а дополнителни 12 проценти се гори. Останатите 79 отсто се трупаат на ѓубриштата или завршуваат во водите. Кај нас процентите се многукратно попоразителни. Оттука, апелираме до граѓаните да го намалат своето користење на еднократна пластика, вклучително и пластични кеси, а од Министерството за животна средина и просторно планирање бараме да се ангажира да го обезбеди спроведувањето на законот со кој се забрануваат пластичните кеси и да покаже поголема активност во борбата против останатите видови еднократна пластика, се наведува во соопштението од Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.  

Промовирани огласи »

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да започнат кај луѓето во рок од шест месеци, откако претходно беа пропуштени роковите.

Neuralink развива мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции и да лекуваат мозочни заболувања како што се Паркинсонова, Алцхајмерова болест или деменција.

Компанијата спроведе тестови на животни во последниве години додека чекаше одобрение за тестирање на луѓе од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се увериме дека ќе работи добро пред да го вметнеме уредот во човек, но мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до ФДА и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот врз луѓето – рече Маск за време на обраќањата на презентацијата во седиштето на Neuralink, која траеше речиси три часа.

Промовирани огласи »

 Сојузот на синдикатите на Македонија апелира Уставниот суд да го поддржи договореното помеѓу социјалните партнери – недела да биде неработен ден за најголем број на работници освен за дејностите кои социјалните партнери ги определија како исклучоци поради неопходноста од континуирано одвивање на одредени производни процеси.

Потсетуваме дека и рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи Законот за измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кој се уреди правото недела да биде неработен ден да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден, а очекуваме ваквиот реферат, овој пат да биде поддржан едногласно од сите уставни судии имајќи во предвид дека претходниот пат одлуката не беше донесена поради потребниот кворум, но 4 уставни судии го поддржаа рефератот, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека во никој случај правата од работен однос во демократските држави не смее и не може да се креираат само врз основа на волјата и барањата на оние работодавачи кои, како што велат, се мотивирани само од својата желба за поголем профит, без притоа да се води грижа за остварување на  работничките и човековите  права.

Поради сето ова го повикуваме Уставниот суд да не ја прифати иницијативата на Стопанската комора како спротивна на Уставот и да ги остави во сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин да придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата, се наведува во соопштението од ССМ.

Уставниот суд денеска треба да одлучува по Рефератот подготвен по претходно поднесената иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, со која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »