ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид лого

Оператори на автоматизирани леарски острови

Плата од 24.000 ден. до 30.000 ден.

За компанијата: Ние сме водечка компанија за леење на одливци од алуминиум, произведени со високотехнолошки и еколошки одржливи производни процеси. Нашата мисија се гради врз основ на 75-годишна традиција, знаење, иновации... повеќе за компанијата »

Главни задачи:
•           ракување со опремата за леење, извршување едноставни операции при моделирањето на одлеаноците врз база на технолошки постапки, цртежи и дадени инструкциич;

•           контрола на квалитетот на одлеаноците преку визуелна проверка, откривање на површински недостатоци и елиминација на лошо одлеаните парчиња;

•           прилагодување на операцијата на машините според упатствата и инструкциите дадени од страна на технолозите ;

•           контрола на работата на машините и опремата со цел обезбедување производ според дадени спецификации;

•           одржување чиста работна средина и почитување на правилата и прописите за безбедност и здравје при работа;

•           познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
Очекуваме:
- завршено средно образование
- работа во три смени на локација Охрид

- подготвеност за континуирано едуцирање и дообучување
- способност за тимска работа,
- грижа за чисто работно место.

Нудиме:

• конкурентна плата  плус додатоци на плата
• покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• обезбеден топол оброк
• исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување
• награди и бонуси согласно покажани резултати

Аплицирајте на нашата веб страница во делот за кариери и можности за работа.

Оператори на автоматизирани леарски острови | LTH Castings


Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

wwww.lthcastings.com Ι [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »