Промовирани огласи »

Списоците на корисници на финансиска поддршка се објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека во согласност со Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 06.12.2022 година, заклучно со 09.12.2022 година, велат од МТСП. 

Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финанасиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година,  а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.

Со цел подобра информираност на граѓаните, Министерството за труд и социјална политика потенцира дека исплатата на средствата кои се дел од финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита, додаваат од МТСП. 

Министерството информира и дека списоците се објавуваат согласно член 17, член 18, и член 19 од Законот за заштита на лични податоци, а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.

Линк до веб :http://bitly.ws/xuIM

Промовирани огласи »

Не треба да носиме проблематични решенија, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. 

Таа вечерва во Топ тема на Телма изјави дека прогресивното оданочување ќе биде воведено, но тоа не треба да биде избрзано решение. Лукаревска рече дека кога ги направиле првите анализи, увиделе дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен. Не се согласува со критиките во јавноста дека најавуваната даночна реформа се сведе само на козметички промени.

ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваа мерките и рекоа дека власта се откажала од своите даночни авантури. 

Дел од експертите, особено оние со пролевичарска ориентација, критикуваат, додека бизнисот, како и очекувано, ја поздравува владината одлука.

Промовирани огласи »

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени, компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 17 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени. Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети. Доколку сакате да бидете дел од динамична компанија, која ги цени своите вработени и е свесна дека успехот е можен само со вистинскиот тим, аплицирајте на огласите.

Моментално се отворени слдниве работни позиции:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – СКОПЈЕ
ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ – СКОПЈЕ
ПРОДАВАЧИ ВО РИБАРА
ПРОДАВАЧИ НА ДЕЛИКАТЕС, МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ СТРУМИЦА

Доколку сте сеуште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 % во однос на одлуката од 1.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,137%, кај дизелот зголемување за 0,131%, кај екстра лесното масло намалување за 1,045% и кај мазутот зголемувањето е за 2,090%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,176%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,361 ден/кг.

Од 6.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,171 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »