Промовирани огласи »

Македонската кошаркарска федерација од 17 до 26 август 2017 година ќе биде организатор на Европско првенство за кошаркарки до 16 години Дивизија Б во Скопје. На првенството, покрај кадетската репрезентација на Македонија ќе настапат уште 21 репрезентација. Натпреварите ќе бидат одиграни во VIP Арената при спортскиот центар„Борис Трајковски“ и во спортскиот центар „Јане Сандански“. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: „Континентал“ и во „Александар Палас“.

МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на уште еден континентален собир во Скопје.

Ќе биде избран 21 водич (team attache) за гостинските репрезентации. 

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на [email protected], со назнака  „За конкурс за ЕП во Скопје“.

- Водич на репрезентациja | team atache  – е лице кое ја придружува екипата на тренинзи, натпревари и е одговорно за насоки и помош на својата екипа надвор од хотелот или спортската сала.

Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.

Рокот за пријавување е до 3 август 2017 година во 16:00 часот.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани најдоцна до 5 август 2017 година.

Ангажманите на избраните апликанти почнуваат на 15 август и траат непрекинато до крајот на првенството односно 26 август 2017 година.

Хонорарот за ангажманот изнесува 5.000 денари.

Промовирани огласи »

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е на првото место на листата на најбогати луѓе во светот. 

Тој стана најбогат човек на светот,  откако цената на акциите на компанијата се зголеми, пишува магазинот „Форбс“, кој секоја година прави ранг-листа на најбогати луѓе во светот.

Безос располага со 17% од акциите на „Амазон“ и неговото богатство вреди нешто повеќе од 90 милијарди долари.

Аналитичарите сметаат дека цената на акциите на „Амазон“, која сега изнесува 1.071 долари за една акција, ќе се зголеми двојно. 

На второ место по богатство е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој беше прв на листата од 2013 година. Гејтс има една милијарда помалку од Безос, односно 89 милијарди долари.

Безос ја основа „Амазон“ во 1994 година, откако ја напушта работата на „Вол стрит“. Тој е милијардер речиси 20 години, откако за прв пат влегува листата на „Форбс“ во 1998 година со богатство од 1,6 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Русинот за кој е смета дека е еден од анонимците кои стојат зад една од најстарите криптовалути во светот и кој е обвинет дека преку неа испрал најмалку 4 милијарди долари е уапсен во Грција, јави вчера грчката полиција.

Полициски извори го идентификувале уапсениот како 38-годишниот Александр Виник (Виников), фатен по добиена дојава во мало крајбрежно место на северот на Грција. Соединетите Американски Држави по него издадоа потерница, а најверојатно ќе се бара и негова екстрадиција.

Два извори упатени во криптовалутата биткоин кои не сакале да бидат именувани тврдат дека Виник бил клучната личност зад таа платформа, која од вторникот вечерта не работи поради „технички проблеми“.

Уапсен е меѓународно баран „мозок“ на криминална организација, се вели во соопштението на грчката полиција.

Од 2011 година 38-годишникот предводел криминална организација која администрирала една од најважните интернет страници за електронски криминал во светот, се додава во соопштението.

Полицијата тврди дека од 2011 година, од основањето на биткоин платформата, преку неа биле испрани најмалку 4 милијарди долари.

Биткоинот е првата дигитална валута која успешно ја искористи криптографијата за трансакциите да бидат безбедни и скриени, правејќи ја конвенционалната финансиска регулација тешка, односно речиси невозможна.

Апсењето на Веник е последното во низата американски операции против руските сајбер криминалци во Европа. Американското министерство за правосудство минатата недела го изгаси црниот интернет пазар Алфабеј.

Промовирани огласи »

Во Собранието на Република Македонија е поднесен нов предлог за измена на законот за готовинско плаќање во делот на изрекување на казни за продавачите кои не располагаат со фискална каса и соодветна опрема. Според предлагачот Јован Митревски со група пратеници со предложените измени се предвидува да не се изрекува казна за забрана за вршење на дејност од 15 дена кај правното или физичкото лице каде е констатирано дека има недостиг на фискална каса бидејќи по истиот основ во законот веќе се предвидува глоба.

Со новиот предлог законско решение се бара да се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврзник физичко лице затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање на глоба.

- Со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон,  предлагаме согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија Предлогот на закон за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, да се донесе по скратена постапка.

Со членот 1 се врши измена во членот 20-а од постоечкиот закон, а се однесува на бришење на казната со која даночните обврзници покрај плаќањето на глобата им беа затворени и деловните простории што сметаме дека не допридонесува ниту за економски развој ниту да може даночниот обврзник без да ја обавува дејноста да плати казна и други давачки кон државата, стои во образложението на предлог законот.

Доколку неправилностите не се отстранат во предвидениот рок тогаш може да настане изрекување на мерката на забрана за привремено вршење на дејноста, а даночниот обврзник може да поведе спор пред управен суд, но тужбата не го одлага извршувањето на решението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »