Промовирани огласи »

Инфлацијата се искачи на 19,5 отсто на годишно ниво.

Трошоците за живот во ноември 2022 година скокнале за дури 19,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на цените на мало во ноември годинава има зголемување од 15,2 отсто.

Најголемо е поскапувањето на храната и безалкохолните пијалоци, кои во ноември 2022 година се зголемени за 29,8 отсто. Сметките за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива овој месец биле поголеми за 20 отсто во споредба со ноември лани. Цените на транспортот се поскапени за 16,5 отсто. 

Ако се направи споредба на индексот на трошоците на животот во ноември 2022 година во однос на претходниот месец, тогаш може да се забележи натамошно зголемување од 0,5 отсто, додека кај индексот на цените на мало порастот е 0,2 отсто.

Поевтинување во ноември, во споредба со октомври 2022 година се почувствувало преку намалување на индексите на трошоците на животот кај свежото и разладеното овошје за 8,9 отсто, кај маслото и маснотиите за 5 отсто, кај цените на воздухопловниот патнички транспорт за 11,2 отсто, кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,7 отсто и кај течните горива за домаќинствата за 2,1 отсто. Има намалување на индексот на трошоците на живот и кај некои други производи и услуги, но тоа е околу или под 1 отсто.

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) објави дека има ново зголемување на цената на минималната потрошувачка кошничка. Инаку, пратеникот од СДСМ од Куманово, Мартин Костовски, има информација кои големи газди од неговиот град не ги намалуваат цените на основните артикли, и покрај намалената струја и сите други мерки од Владата, и повика уште денеска итно да им се направи инспекција. 

foto freepik.com/demanna

  

Промовирани огласи »

Според проекциите на предлог-буџетот за 2023, просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, анализира Порталб.

Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен. Платите најмногу би се намалиле во Собранието - во просек за 6.600 денари и средната вредност би изнесувала 66.900 денари. Во Министерството за политички систем на Артан Груби намалувањето ќе изнесува дури 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари. 

Во Министерството за образование е планиран раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари.

Иако просекот во Министерстви за надворешни работи е 122.243 денари, најмногу поради високите примања на амбасадорите, и во овој ресор ќе има зголемување за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Во Министерството за здравство и во Министерството з акултура ќе има зголемувања во просек само од 2.200, односно 2.500 денари. Симболични зголемувања ќе има во министерствата за труд и социјална политика, односно во животна средина.

Промовирани огласи »

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: кабли, оn-board мрежи, пластична технологија и мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 50.000 луѓе ширум светот на повеќе од 40 различни локации.

Моментално вработува на следниве работни позиции:

ИНЖЕНЕР ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОЦЕСИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА СУРОВИНИ
КНИГОВОДИТЕЛ – ПРАКТИКАНТ
ТРЕНЕР / ОБУЧУВАЧ ЗА ПРОИЗВОДСТВО
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА „КАНБАН“ ВО ОДДЕЛ ЗА ЛОГИСТИКА

 

Како и сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поевтинуваат за 2,00 денара по литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Нова цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81,00 за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 83,50 денари.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и натаму ќе се продава за 84,50 денари, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 81,50 денари, а килограм Мазут М-1 НС за 42,171 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »