Промовирани огласи »

Цените на половните автомобили се на највисоко ниво на сите времиња и најверојатно наскоро ќе паднат, соопшти во четвртокот одделот за финансии на Фолксваген.

Тесните грла на снабдувањето и намалувањето на производството во фабриките за автомобили ја зголемија цената на половните автомобили на германскиот пазар за 20-25 отсто над повеќегодишниот просек оваа година.

Со оценката дека трендот наскоро ќе оди во спротивна насока се согласи и директорот за финансиски услуги на Фолксваген, Кристијан Далхајм, како и директорот за финансии, Френк Фидлер, кој очекуваниот пресврт го припишува на воздржаност на клиентите.

Цените веќе полека паѓаат бидејќи луѓето очекуваат рецесија и се повнимателни со парите, рече Фидлер.

Економскиот самит во Истанбул, кој се одржува еднаш годишно, има за цел да ја одржи и зајакне координацијата меѓу земјите, секторите и институциите и е една од најпочитуваните платформи за дискусија за глобалната економија.

Промовирани огласи »

Ново намалувње на невработеноста во земјава регистрира Државниот завод за статистика. Согласно последните податоци, во земјава стапката на невработеност падна на 14,3 отсто во третиот квартал од годината.  

Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808.328 лица, од кои вработени се 693.062, а 115.266 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 55,2 отсто, стапката на вработеност 47,3 проценти, додека стапката на невработеност изнесува 14,3 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС.

Како што може да се забележи од податоците кои ги објавува статистика, и покрај кризата годинава имаме благо намалување на невработеноста во секој квартал.

Промовирани огласи »

Регионалното истражување на пазарот на труд покажува дека добрите меѓучовечки односи се најважни за Словенците при изборот на работодавач, додека во земјите од регионот, односно Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија платата е на прво место, објави „Дневник“.

Истражувањето на регионалниот пазар на труд покажува дека повеќе од половина од младите, т.е. 56 отсто од анкетираните точно знаат што сакаат да прават. Меѓучовечките односи исто така играат клучна улога во изборот на работодавач. 

Последните резултати од истражувањето на порталот „Делогласник“, спроведено во рамките на Регионалниот саем за вработување, покажуваат дека постојат разлики меѓу факторите при изборот на работодавач. Во Словенија дури 70 отсто од испитаниците на прво место ги ставаат меѓучовечките односи. Потоа следуваат заработувачката (50 проценти), работното време, а нешто помалку можностите за образование и напредување (26 проценти). Угледот на работодавачот е најмалку важен критериум при изборот на работа (5 проценти). Во останатите земји на прво место е платата, на второ се добрите меѓучовечки односи. Истражувањето „Zlata nit“ кое 15 години се спроведува во Словенија под покровителство на „Дневник“, исто така наоѓа слични наоди и докажува дека грижата за добри односи има позитивни ефекти врз економскиот развој.

Среќата е поважна од формалното образование

Истражувањето, во кое учествувале повеќе од 5.700 испитаници, открило и што е пресудно за да се добие работа. Мнозинството испитаници од Словенија сметаат дека тоа е мотивација и волја за вработување (30 проценти). Интересно е што само 4 отсто од испитаниците сметаат дека среќата е важна за вработување, а 12 отсто дека се важни добрите контакти и познанства. Формалното образование и партиската припадност ги истакнуваат само еден процент од испитаниците. Гледајќи го целиот регион, Словенците, Босанците и Македонците во малку поголема мера го наведуваат работното искуство како клучен фактор за вработување, додека Босанците, Србите и Хрватите најмногу се надеваат на знаење и вештини. За Македонците најважна е мотивацијата и желбата да најдат работа.

Колку е доволно?

На прашањето за посакуваната плата, испитаниците во Словенија во просек имаат најголеми очекувања, поточно 1.643 евра, но точно е дека Словенија има и највисоки просечни плати во споредба со другите земји вклучени во истражувањето. Предводник е Хрватска (1.197 евра), а Македонија има најниски очекувања, поточно 769 евра. Просечната посакувана плата во Словенија е 1.643 евра, во Хрватска 1.197 евра, во БиХ 940, во Србија 857 и во Македонија 769 евра.

Од губење на работа најмногу се плашат испитаниците од Србија (31 отсто), а најмалку оние од Македонија (19 отсто).

Повеќето од нив би работеле во државна компанија

Испитаниците од Словенија, при изборот на компанија врз основа на сопственост, би се одлучиле за компанија која е во домашна приватна сопственост (29 проценти), а најмалку за приватна компанија во странска сопственост (16 проценти). Mнозинството од испитаниците (31 процент) би работеле во државна компанија. Странската сопственост е особено популарна во Македонија и Босна и Херцеговина.

Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за МИА потврди дека од полноќ ќе има големо намалување на цените кај бензините.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари, додека Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »