Промовирани огласи »

Ново намалувње на невработеноста во земјава регистрира Државниот завод за статистика. Согласно последните податоци, во земјава стапката на невработеност падна на 14,3 отсто во третиот квартал од годината.  

Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808.328 лица, од кои вработени се 693.062, а 115.266 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 55,2 отсто, стапката на вработеност 47,3 проценти, додека стапката на невработеност изнесува 14,3 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС.

Како што може да се забележи од податоците кои ги објавува статистика, и покрај кризата годинава имаме благо намалување на невработеноста во секој квартал.

Промовирани огласи »

Регионалното истражување на пазарот на труд покажува дека добрите меѓучовечки односи се најважни за Словенците при изборот на работодавач, додека во земјите од регионот, односно Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија платата е на прво место, објави „Дневник“.

Истражувањето на регионалниот пазар на труд покажува дека повеќе од половина од младите, т.е. 56 отсто од анкетираните точно знаат што сакаат да прават. Меѓучовечките односи исто така играат клучна улога во изборот на работодавач. 

Последните резултати од истражувањето на порталот „Делогласник“, спроведено во рамките на Регионалниот саем за вработување, покажуваат дека постојат разлики меѓу факторите при изборот на работодавач. Во Словенија дури 70 отсто од испитаниците на прво место ги ставаат меѓучовечките односи. Потоа следуваат заработувачката (50 проценти), работното време, а нешто помалку можностите за образование и напредување (26 проценти). Угледот на работодавачот е најмалку важен критериум при изборот на работа (5 проценти). Во останатите земји на прво место е платата, на второ се добрите меѓучовечки односи. Истражувањето „Zlata nit“ кое 15 години се спроведува во Словенија под покровителство на „Дневник“, исто така наоѓа слични наоди и докажува дека грижата за добри односи има позитивни ефекти врз економскиот развој.

Среќата е поважна од формалното образование

Истражувањето, во кое учествувале повеќе од 5.700 испитаници, открило и што е пресудно за да се добие работа. Мнозинството испитаници од Словенија сметаат дека тоа е мотивација и волја за вработување (30 проценти). Интересно е што само 4 отсто од испитаниците сметаат дека среќата е важна за вработување, а 12 отсто дека се важни добрите контакти и познанства. Формалното образование и партиската припадност ги истакнуваат само еден процент од испитаниците. Гледајќи го целиот регион, Словенците, Босанците и Македонците во малку поголема мера го наведуваат работното искуство како клучен фактор за вработување, додека Босанците, Србите и Хрватите најмногу се надеваат на знаење и вештини. За Македонците најважна е мотивацијата и желбата да најдат работа.

Колку е доволно?

На прашањето за посакуваната плата, испитаниците во Словенија во просек имаат најголеми очекувања, поточно 1.643 евра, но точно е дека Словенија има и највисоки просечни плати во споредба со другите земји вклучени во истражувањето. Предводник е Хрватска (1.197 евра), а Македонија има најниски очекувања, поточно 769 евра. Просечната посакувана плата во Словенија е 1.643 евра, во Хрватска 1.197 евра, во БиХ 940, во Србија 857 и во Македонија 769 евра.

Од губење на работа најмногу се плашат испитаниците од Србија (31 отсто), а најмалку оние од Македонија (19 отсто).

Повеќето од нив би работеле во државна компанија

Испитаниците од Словенија, при изборот на компанија врз основа на сопственост, би се одлучиле за компанија која е во домашна приватна сопственост (29 проценти), а најмалку за приватна компанија во странска сопственост (16 проценти). Mнозинството од испитаниците (31 процент) би работеле во државна компанија. Странската сопственост е особено популарна во Македонија и Босна и Херцеговина.

Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за МИА потврди дека од полноќ ќе има големо намалување на цените кај бензините.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари, додека Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ГУЛЕРМАК од своето основање, е врвен меѓународен водечки EPC изведувач познат по својата одлична репутација и професионалност. ГУЛЕРМАК работи од своето основање во 1958 година и извршува глобална цивилна инфраструктура и индустриски градежни проекти клуч на рака.

Моментално е активно следното работно место:

PURCHASING SPECIALIST

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот. Нашите производи може да се најдат на повеќето возила денес и доаѓаат од 346 производствени операции и 93 развојни производи, инженерски и продажни центри во 27 земји. Имаме над 152.000 вработени фокусирани на обезбедување супериорна вредност за нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од светска класа.

Сите работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛИ СКОПЈЕ
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА БИТОЛА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија. Компанијата е целосно посветена на развојот на нови лекови, обука за креирање на високо квалитетен стручен кадар и посветеност за задоволување на рафинираните потреби на навните клиенти.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО СЕКТОР ФАРМАЦЕВТСКА РЕГУЛАТИВА

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

Моментално вработува:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ И АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ
ОПЕРАТОРИ ВО КУЛТИВАЦИЈА
QA - ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ
QP - КВАЛИФИКУВАНО ЛИЦЕ

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција. Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји -Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Раде Кончар - Контактори и Релеи произведува нисконапонска електрична опрема за индустриски апликации. Нашата палета производи вклучува AC-DC контактори од 9А до 1000А, биметални релеа, гребенасти склопки, компактни прекинувачи, типкала и индикатори и сл. Овие производи се произведуваат во стандардна конфигурација, но сепак можеме брзо да ги прилагодиме нашите производство за единствени барања на клиентот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОРИ НА ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА ЗА МОНТАЖА
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕТАЛНИ ДЕЛОВИ

Сковин е винарска визба со капацитет од 17 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на Сковин имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали.

Моментално вработува:

ДИСТРИБУТЕР
ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР
КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОРИ ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »