QA - Одговорно лице за обезбедување на квалитет

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

 

QA – Одговорно лице за обезбедување на квалитет

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • 5 години работно искуство во оддел за обезбедување на квалитет; 
  • Диплома за завршени додипломски студии во една од овие области: фармација, хемија, биологија;
  • Искуство во производство на лекови или природни здравствени производи;
  • Одлична способност за имплементирање и одржување на систем за обезбедување на квалитет, вклучувајќи: преглед на сериски записи, контрола на документите вклучувајќи испитувања за квалитет;
  • Одлично познавање на MS Office.
  • Одлична способност за технолошко пишување (SOPs, годишни извештаи, резимеа итн).
  • Одлична способност да работи независно, со силно внимание на детали.
  • Одлична способност да зборува и пишува на англиски јазик.

 

Одговорности и работни задачи:

 

  • Контролира процедури и обезбедува усогласеност со GMP, креира, пишува и одобрува SOP во согласност со GMP;
  • Финален преглед вклучувајќи преглед на аналитички и микробиолошки резултати, отстапувања и контроли на промена;
  • Ја води постапката и активностите што произлегуваат од корективните и превентивни мерки;
  • Проверува дали годишниот преглед на производот се спроведува во согласност со стандардите;
  • Обука за GMP за нов и тековен персонал;
  • Планира, координира и надгледува лабораториски анализи за активности за усогласување, одговор при итни случаи, студии на локации, студии за здравје и безбедност, испитувања и санација;
  • Ефикасно и ефективно спроведува точни проценки за неуспеси за да се поправи основната причина и да се обезбеди континуирано подобрување;
  • Директно управува со целиот тим за осигурување на квалитет (QA);
  • Обезбедува упатства за сите други оддели во однос на GMP;
  • Други одговорности поврзани со програмите и процедурите за осигурување квалитет, во согласност со вештините и квалификациите на кандидатот;

 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност; 
  • Способност за тимска работа;
  • Способност да работи под притисок, да донесува доверливи одлуки и да биде решителен-на;
  • Работа со дадени рокови;
  • Следење на интерните правила и процедури;
  • Самоиницијативност и самокритичност;

 

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »