Оператори во култивација

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Оператори во култивација

 

Претворете ја Вашата љубов кон билките во професија од соништата !

      Нашиот тим се состои од талентирани луѓе со желба за напредок, а во моментов сме во потрага и по млади ентузијасти и вљубеници во билките од околината на Кавадарци кои би сакале стручно да се усовршат во една од најперспективните индустрии во Македонија (и глобално!). 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • Минимум ССС (средна стручна спрема);
  • Вреден работник постојано подготвен да учи нови вештини;
  • Разбирање и посветеност за професионално извршување на работните обврски;

Одговорности и работни задачи:

  • Пропагација, садење и берба на канабис според стандардни оперативни процедури и во согласност со добрите практики за земјоделско производство;
  • Подготовка на производни материјали потребни за берба и после берба
  • Рзместување на растенија од едно место на друго;
  • Надгледување на здравјето на растението и информирање на агроном и главен одгледувач за било какви промени;  вниманието кон детали е важно за да се обезбеди квалитетен животот на растенијата;
  • Извршување на дневни активности за одгледување на растенијата;
  • Подготовка за берба и потсекување (триминг);
  • Ротација на растенија;
  • Проверува дали чистотата во делот за култивација е на посакувано ниво и соодветно пријавување доколку треба да се интервенира;
  • Измивање и санитација на алатки и опрема;
  • Работи во согласност со правила за безбедност на работа за да се заштити себе и колегите.

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност; 
  • Способност за тимска работа;
  • Следење на интерните правила и процедури;
  • Самоиницијативност и самокритичност;

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »