Промовирани огласи »

Потрошувачите од Скопје кои се снабдуваат со топлинска енергија од Балкан енерџи груп (БЕГ) од утре во просек ќе плаќаат за 2,75 отсто пониска цена за парно греење.

Како што беше посочено на подготвителна седница на Регулаторната комисија за енергетика, од 1 август годинава тарифата за топлинска енергија за домаќинствата и образовните инеституции ќе изнесува 1,8498 денари по киловат час што претставува намалување од 3,88 отсто, додека кај останатите потрошувачи тарифата ќе изнесува 2,5898 денари за киловат час и ќе има исто намалување од 3,88 отсто во споредба со досегашната цена.

Со предлог одлуката за 0,18 отсто се намалува и тарифата за ангажирана топлинска моѓност. Кај домаќинства и образовните институции ќе изнесува 1.091,1181 денари по киловат годишно, а кај останатите потрошувачи 1.426,7653 денари по киловат годишно.

Кај ЕЛЕМ енергетика просечното намалување на цената на топлиснката енергија ќе изнесува 0,11 отсто. Тарифата за топлинска енергија за домаќинствата ќе изнесува 1,7633 денари по киловат час, за образовните институции 2,2923, а за останатите потрошувачи 2,9976 денари по киловат час. Тарифата, пак, за ангажирана моќност кај домаќинствата ќе биде 1.106,6306 денари по киловат годишно, за образовните институции 1.438,6198, а кај останатите потрошувачи 1.881,272 денари по киловат годишно. За домаќинствата кои плаќаат надомест по метар квадратен грејна површина новата цена ќе изнесува 35,01 денари по метар квадратен.

Кај Скопје север во просек намалувањето на цената на парното греење ќе биде 1,69 отсто. Тарифата за топлиска енергија за домаќинствата ќе изнесува 2,2148 денари по киловат час, а за останатите потрошувачи 4,2196 по киловат час. Тарифата, пак, за ангажирана моќност кај домаќинствата ќе изнесува 1.001,6049 денари по киловат годишно, а за останатите потрошувачи 1.908,2577 денари по киловат годишно.

Промовирани огласи »

Со работата доаѓаат и грешки на работно место. Тимот на КАРИЕРА.мк работи тимски и се труди да ги исправи сите грешки кои ќе се случат, во истиот момент кога ќе забележиме нешто чудно.

Како реагирате вие кога ќе сфатите дека направивте грешка, дека заборавивте на некоја обврска или пак дека ви недостигаат пари во каса? 

Видеото што следи, дава убави совети за тоа како да реагирате кога ќе ве нападне она чувство на паника по направена грешка на работа.

Промовирани огласи »

Немојте да бидете измамени од престижноста на сите тие канцеларии и компании кои кажуваат како нивните вработени имаат неограничен број на слободни денови, скратено работно време или пак ручек на работно место.

Сето тоа е само дел од суптилниот заговор за контрола на канцеларијата од страна на менаџерите. 

Неограничен број на денови

Прво, повеќето компании не би го дозволиле тоа. Компанијата за маркетинг Xiik, на пример, има неограничената понуда за одмор, но со нејзината парична казна ги обесхрабрува долгите одмори подолги од 2 недели.

Секако, три месеци одмор е премногу. Но, колку е во ред кога вашиот менаџер за човечки ресурси вели дека може да земете одмор колку што сакате? Вработените целосно губат осет кога тој или таа немаат утврден износ на денови за барање.

Кога има ограничен и претходно утврден број на денови секогаш на крајот на сезоната по некој вработен ќе рече - јас имам уште 3 неискористени денови иако во тој период од годината е најголемата гужва.

Бесплатен ручек

Кога една копманија ќе каже дека вработените имаат бесплатен ручек, тоа значи дека ќе мора да останете во канцеларија и за време на вашата пауза.

Немате простор да излезете на состанок со вашата најдобра пријателка и да испиете кафе на кратко со вашиот сопруг бидејќи секако ќе се вратите доцна дома навечер и нема да имате време да разговарате за сметките кои треба да ги платите до крајот на оваа недела.

На крајот, понекогаш и не сме баш гладни и сакаме само да излеземе од работното место на 30 минути и да седнеме на клупа во најблискиот парк.

Платени службени патувања

Сите ги сакаме службените патувања, меѓутоа и тоа некогаш знае да го измори организмот и да направи да ни недостасуваат најсаканите. Не секогаш, платените службени патувања се на 3- 4 денови туку понекогаш се работи за 3 неделни или пак неколку месечни отсуства од домот.

Кога ќе размилите добро, сепак ова не е баш интересно патување за фамилијарните луѓе - далеку од домот и своите деца и секогаш отсутни за најважните моменти во домот како родендени, годишници или пак првиот сигурен чекор на своето дете.

Промовирани огласи »

Како го трошите вашето дневно време? Ајде размислете како го потрошивте вашето последно деноноќие од 24 часа и внимателно започнeте да го анализирате.

Биолошко време, односно време во кое ќе спиете, јадете, вежбате, ќе ги извршувате основните физиолошки потреби и одржување на високо ниво на вашето здравје.

Потоа ќе имате време за вашето семејство во кое ќе поминувате разговарајќи со членовите на вашето семејство, учејќи со вашите деца, игра со децата и се друго што ве прави силно поврзан со вашите најмили.

Ќе имате и време за административни работи во кои ќе го подготвувате вашиот ден, што значи планирање и подготовка на се онаа што ќе треба да го правите во следната категорија на време. Оваа категорија на време ќе има силно влијание на следната категорија, но мора да ви биде јасно дека не смеете да дозволите оваа категроија да преовлада со вас.

Следната категорија и најважна кога станува збор за вашиот бизнис е вашето продуктивно работно време во кое ги изведувате задачите испланирани во административното време. Оваа време е време кое додава, односно кое има потенцијал да додаде вредност за вашата компанија. Во оваа категорија не влегува пиење кафе, ручек, пауза, барање на некој документ или состноци од неколку часа. Овие активност лесно се класифицираат во некоја од следните групи на вашето дневно време. Тука влегува времето кое го трошите на изведување на самите работни задачи, односно време откога ќе го најдете документот на вашиот компјутер, откако ќе го отворите и откако ќе започнете со пишување на тој документ.

Потоа ќе имате и време за социјализација кое едноставно ќе придонесе и за опуштање и за реенергизирање, но и за градење на врски, мрежи и потенцијални партнерства. Пиење на кафе, разговор со колеги, потенцијални купувачи или пак комуникација преку социјални медиуми е времето кое ви поминува во оваа категорија.

И на крај ќе имате загубено време, односно време кое го поминувате на состанок од неколку часа кој може да се заврши за дваесетина минути, или пак време на гледање на омилената серија, или пак време од неколкучасовно читкање по интернет итн. Оваа време морате да го елиминирате, или пак одржувате на минимум. Значи, кога станува збор за перфекционизам, оваа е времето на кое треба да се насочите и да се обидете да го елиминирате.

Целта на една ваква анализа и категоризација на вашето време е да се обидете да работите попаметно, наместо подолго и да направите оптимизација на итноста и важноста на вашите обрски во текот на денот со цел балансирано живеење по кое сите копнееме.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »