Промовирани огласи »

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Ние, тимот на Макстил, се стремиме да бидеме успешна компанија, ориентирана на безбедноста, со силен фокус на клиентите. Преку трансформирање на отпадниот метал во висококвалитетни челични производи, ја заштитуваме животната средина и го подобруваме општеството во кое работиме, истовремено одржувајќи одлични односи со локалната заедница. Ги достигнуваме нашите цели преку инвестирање во технологија, синергија на вештините, знаењето и искуството. Секој во Макстил е важна алка од синџирот. Ние не сме само тим, ние сме семејство. Со цел да креираме заеднички раст, заедно се движиме напред, преку почитување на нашите вредности и високи стандарди.

Моментално го прошируваме својот тим и вработуваме на следниве работни позиции:

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ЕЛЕКТРИЧАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА

Промовирани огласи »

Германскиот авиопревозник Луфтханза, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување на летови на линијата Франкфурт – Скопје, од 23-ти април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета неделно, со авиони од видот: Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар, со отпочнување на летови на релација Франкфурт – Скопје. Ова значи дека Меѓународниот Аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите - авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат  со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Северна Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, се со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот Аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза: https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети.

ТАВ Македонија ги заврши 11-те месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св.апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) следната недела треба да ја донесе одлуката за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јануари до 30 јуни идната година. АД ЕСМ вчера и завчера ги достави понудите на тендерите за цената на електричната енергија по која „ЕВН Електродистрибуција” ќе ги покрива загубите во дистрибутивниот систем и за цената за „ЕВН Хоум” за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, а в понеделник треба да ја достави понудата за цената за покривање на загубите во преносниот систем на МЕПСО.

ЕСМ вчера понуди 56, место досегашните 48 евра за мегават час за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар на повикот на „ЕВН Хоум”, а завчера 110 евра за мегават час, место досегашните 143 евра на повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на „ЕВН Електродистрибуција”.

ЕСМ дневно обезбедува околу 10.000 мегават часови електрична енергија за потребите на „ЕВН Хоум”, 4.500 мегават часови за потребите на „ЕВН Електродистрибуција”, 350 до 400 мегавати за потребите на МЕПСО и околу 500 мегавати преку „ЕСМ Продажба” за училиштата, водоводните претпријатија и прехранбената индустрија.

Во меѓувреме одговорните велат дека заложба на Владата е да нема значително зголемување на цените на електричната енергија по 1 јануари идната година, иако трендот на поскапување на енергентите за производство на електрична енергија и растот на берзанските цени укажуваат дека треба да има поголемо зголемување на цените.

Промовирани огласи »

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, започнува од 15 ноември и ќе трае до 15 март следната година.

Обврската е пропишана во член 361 од  Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, каде во став 1 е наведено дека моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Според Законот, полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.  Исто така, полицискиот службеник може да нареди возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

-Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, стои во Законот.

Правилник за задолжителна опрема во возилото под зимска опрема:

1.9 Зимска опрема

Член 11

(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:

  • зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

(2) Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:

  • зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

(3) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:

  • зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
  • автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

(4) Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

(5) Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »