Техничар во одржување

За компанијата: МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Макстил АД Скопје:

Леар - Машински техничар - Електричар - Магационер

Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е компанија со долгогодишна традиција, и оваа година правиме 25 години од нашето формирање.

Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за одржување, отворени се следните работни места:

 

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ

 

Опис на работно место:

  • Извршување на активности во делот на машинско одржување како: сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично, на машинската опрема која се користи во производниот процес;
  • Контрола, дефектажа и отклонување на причината за дефектот на постројките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.

 

Основна одговорност: извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од машински аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.

 

Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции

 

Основни квалификации на кандидатите:

  • III или IV степен на стручна подготовка, машинска струка ќе се смета за предност;
  • Релевантно работно искуство е пожелно, но не задолжително;
  • Искуство со заварување и користење вилушкари ќе се сметаат за предност.

 

Дополнителни квалификации на кандидатите:

  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Свесност за безбедност при работа;
  • Способност за работа под притисок и со рокови.

 

Што ние нудиме:

  • Минимална основна плата во Макстил АД Скопје изнесува 21.000 денари за работни места со најмала сложеност. Платата понатаму се зголемува согласно сложеноста на работното место, и Вашите квалификации;
  • Динамична работна средина;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • Конкурентна плата во зависност од познавањето и искуството, со можност за брз напредок;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Обезбедени храна и превоз, и дополнителен надомест за превоз за вработените со место на живеење надвор од покриеноста на ЈСП;
  • Месечни, квартални и годишни бонуси.

 

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 27.12.2022 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »