Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е компанија со долгогодишна традиција, и оваа година правиме 25 години од нашето формирање.
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за одржување, отворени се следните работни места:
ЕЛЕКТРИЧАР
Опис на работно место:
- Извршување на активности од електро проблематиката како: шемирање на сите видови на ормари, изработка на електро инсталации, каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови, вклучување и исклучување на електрични напојувања од трафостаници, чистење на високонапонска опрема и други слични активности;
- Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постројките и опремата;
- Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Основна одговорност: Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.
Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции.
Основни квалификации на кандидатите:
- IV степен стручна подготовка, електротехничар-енергетичар, или III степен стручна подготовка – електро механичар (инсталатер);
- Со и без работно искуство.
Дополнителни квалификации на кандидатите:
- Способност и желба за тимска работа;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност;
Што ние нудиме:
- Минимална основна плата во Макстил АД Скопје изнесува 21.000 денари за работни места со најмала сложеност. Платата понатаму се зголемува согласно сложеноста на работното место, и Вашите квалификации;
- Динамична работна средина;
- Можност за личен и професионален развој;
- Конкурентна плата во зависност од познавањето и искуството, со можност за брз напредок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Обезбедени храна и превоз, и дополнителен надомест за превоз за вработените со место на живеење надвор од покриеноста на ЈСП;
- Месечни, квартални и годишни бонуси.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 27.12.2022 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Слични огласи »