Твојот шеф ти дава впечаток дека e само така фрлен на неговото работно место и дека воопшто не е способен за функцијата која ја држи.
Твојот шеф е можеби обичен вработен во компанијата а потоа бил унапреден да биде "шеф" без соодветните квалитети или пак твојот шеф е совршен.
КАРИЕРА.мк издвојува неколку типови на шефови и како да се справите со нив:

1. Шеф со комплекс на супериорност
Тој сака да вика и константно бара можности да вика на другите. Овој тип на шеф верува дека само тој е во право и никој друг. Секогаш се утешува со тоа дека викал на вработениот или пак дал замерка на некој за да избегне ГОЛЕМ проблем - кој во реалноста не ни постои.
Како да се справите?
Никогаш не давајте впечаток дека ви е доста од неговите глупости. Колку повеќе ги прифаќате неговите вербални удари, толку тој повеќе верува дека е во право и си го храни егото а во неговите очи вие сте супер вработен.
Со тоа, ќе останете на неговата добра страна. Но, ако се обидете да покажете дека сте попаметни од него со тоа што ќе се спротивставувате или ќе се расправате, верувајте само ќе се разболете од нервози а на крајот повторно тој ќе биде во право.

2. Шефот на моќга
Тој се гордее со мавтањето со својата моќ и авторитет, не само во канцеларија, туку понекогаш и дома. Шефот на моќта, кој раководи со сили, сака да носи маска на шеф, и верува дека шефовите се највисоко ценети професионалци во светот.
Тој е отворено посесивен и секогаш сака да даде впечаток дека целосно ја контролира ситуацијата, дури и кога во реалноста тој не е главниот човек.
Тој е несигурен, и премногу преокупиран со обидот секогаш да има работи под негова контрола.
Како да се справите?
Овој тип на шеф дава значење за дисциплина, а не на перформансите. Неговото мото е дека дисциплината носи успех.
Покажете му дека го почитувате, и ќе се почувствува дека тој е поголем шеф а вие ќе можете да си ги вршите вашите обврски непречено.

3. Застрашувачки шеф
Застрашувачкиот шеф е агресивен по природа, и се обидува да ги изврши работите со издавање на команди. Тој има его, и го чува со него додека е во канцеларија. Понекогаш ќе се чувствувате дека тој се обидува да го води шоуто како да управува со криминална банда.
Од една страна, тој им се заканува на своите вработени, но од друга страна, тој не претерува, бидејќи е несигурен и не сака да го изгуби својот ефект врз вработените.
Како да се справите?
Најдобар начин за вработените да се справат со овој шеф е да ја почитуваат неговата приватност и да не комуницираат со него непотребно. Ако сте доволно паметни и знаете како да се однесувате со него, можете дури и да му се приклучите, и ќе можете да земете некои слободи во канцеларијата.

4. Шефот кој надгледува и влијае
Тој е најдобриот шеф за водење на компанија, бидејќи ефикасно управува со менаџментот и со своите вработени. Компаниите претпочита такви шефови, бидејќи тие имаат позитивни вибрации за себе, и ја прават компанијата да верува дека можат да произведат резултати дури и во услови на криза.
Тие не се особено груби со вработените, меѓутоа имаат авторитет. Не сите влијателни шефови се инспиративни, но тие даваат критика за да ги натераат другите да ги извршуваат своите задаќи. Влијателниот шеф е високо професионален и очекува вработените да се однесуваат слично.
Како да се справите?
Справувањето со него никогаш не е проблем ако ги извршувате своите должности доволно добро. Сепак, внимавајте на таквите шефови, бидејќи се високо решени да се подигнат во хиерархијата. Ако тој смета дека си закана за неговите цели, тој ќе те отстрани од компанијата по секоја цена.
Влијателниот шеф, исто така, ја формира својата основна група, дури и во рамките на истата организација, која може да го информира за тоа што се случува во канцеларијата додека тој е далеку. Затоа, бидете внимателни и размислете за сопствен бизнис, и засекогаш ќе останете во добри односи како познаници.