Еден ден откако сопственикот и извршен директор на Твитер, Илон Маск започна анкета, речиси 10 милиони корисници, т.е. 57,5 отсто од околу 17,5 милиони корисници кои учествувале во истражувањето одговориле потврдно на прашањето на милијардерот дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата. Да потсетиме дека Маск истакна дека ќе ги почитува резултатите од истражувањето.
Одговарајќи на коментар од корисник на Твитер за можна промена на позицијата извршен директор, Маск објави дека нема наследник.
Минатиот месец тој пред американскиот суд во Делавер изјави дека ќе го намали својот ангажман на Твитер и евентуално ќе најде некој друг кој ќе го преземе управувањето со компанијата.
Новата корисничка изјава доаѓа откако Твитер вчера објави дека ќе ги отстрани сметките создадени исклучиво за промовирање на други социјални платформи и содржини што содржат линкови или кориснички имиња на ривалски социјални медиуми.
Овој потег ќе влијае на содржините како Facebook и Instagram во рамките на компанијата Meta, како и на платформите Mastodon, Truth Social, Tribel, Nostr и Post, се вели во соопштението на компанијата Twitter.
Голем број други „големи играчи“ на ИТ сцената, и американски и светски, одговорија на самата анкета.
Поранешниот прв човек на Myspace, Том Андерсон, во својата објава истакна дека се зависи од тоа кој ќе го наследи.
Сопственикот на најголемата крипто-берза, Ченгпен Жао, познат како CZ, побара од милијардерот да остане на чело на компанијата.
Но, потоа Маск се согласи дека во иднина само корисниците со сина ознака треба да гласаат за политиките на компанијата.
Тој долго време не коментираше по анкетата во која корисниците на Твитер гласаа за негова оставка. Иако не го коментираше она што сите го очекуваа, тој не објави дека се повлекува од позицијата извршен директор.
Имено, корисниците предложија само сметките кои имаат верификација во форма на сина ознака да одлучуваат и да гласаат во идните анкети за политиката на компанијата Твитер.
Со ова се согласи и Маск, посочувајќи дека тоа е добар предлог и дека Твитер ќе ја спроведе промената.
Маск е познат по тоа што се предомислува.