Промовирани огласи »

Нашата земја повторно е меѓу најнесреќните во регионот и воопшто на европско тло. 

Македонија се наоѓа на 92. место, а Финска повторно е најсреќната земја. Таа четврти пат по ред ја има титулата во најновиот Светскиот извештај за среќа World Happiness Report. Oва е статистичка анализа која покажува кои се најсреќните земји во светот. 

Најдобро рангирана земја од регионот е Словенија на 29. место, Србија на 48. место, Хрватска на 59. место и Босна и Херцеговина на 63. место, а по нив следи Црна Гора на 71.

Експертите анализираа податоци од анкети од 149 држави, особено следејќи ги перформансите во шест категории. Се сметаат бруто домашен производ по глава на жител, социјална политика и здрав животен век. Земени предвид се и слободата да се направи сопствен животен избор, дарежливоста на населението како и нивото на корупција.

Првите седум најсреќни земји во светот се северноевропските држави. По Финска се Данска со 7.620, Швајцарија со 7.571, Исланд со 7.554, Холандија со 7.464, Норвешка со 7.392 и Шведска со 7.363 бодови.

Најмалку среќна земја во светот за живеење е Авганистан, која се најде на 149 место. Таму имаат ниска стапка на очекуваниот животен век и ниските стапки на бруто домашниот производ по глава на жител. Последните пет се дополнети со Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.

Сите истражувања кои се правени последните години покажуваат дека Македонија е лошо место за живот, а Македонците се едни од најнесреќните народи. Единствено, за евтина храна, Македонија беше меѓу првите во Европа, но тоа беше во 2020 година. 

Промовирани огласи »

Кинескиот технолошки гигант Baidu објави дека ја проширил комерцијалната оперативна област и часовите на работа на својата такси услуга без возач во централниот кинески град Вухан. Платформата за автономно возење Apollo Go за прв пат лансираше ноќно робот-такси во Вухан, означувајќи ја новата фаза од комерцијалниот бизнис со автономно возење во Кина, јавува Ксинхуа.

Во моментов, со повеќе од 50 такси без возач во оптек, Apollo Go покрива оперативна површина од повеќе од 130 квадратни километри во Вухан.

Во меѓувреме, работното време во Њу Таун Јуншан во економско-технолошката развојна зона е продолжено од 7 до 23 часот со цел да се излезе во пресрет на граѓаните за ноќно возење.

Ноќниот период отсекогаш бил еден од клучните технички тешкотии во технологијата за автономно возење бидејќи е тешко возилата да ги проценат пречките и пешаците при слаба осветленост.

Baidu лансираше пилот услуга на Apollo Go во неколку кинески градови како Пекинг, Шангај, Гуангжу и Шенжен. Кина воведе голем број политики во последниве години за промовирање на развојот и комерцијализацијата на технологијата на возила без возач.

Промовирани огласи »

Во Армијата на Република Северна Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа  им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје.

Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.

Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас. За да успеете во таа цел не сте сами, Министерството за одбрана и Генералштабот се со вас. Нашата задача е да бидете добро опремени да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергија и знаење, порача Петровска.

Новопримените војници, нагласи таа, сега се дел од НАТО семејството.

Денеска вие станувате дел од нешто што е поголемо од сите нас, денеска вие сте дел од НАТО Алијансата која е безбедносен чадор за повеќе од една милијарда луѓе во светот. Вие сте сега НАТО војници,  ќе имате прилика да учествувате во НАТО обуките, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знање како и вашите колеги, изјави министерката.

Информира дека Буџетот за  одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра.

Тоа се средства кои по различни основи се наменети за континуирано покачување на платите, надомест за станарина од првиот месец на стапување на должност, набавка на нова  софистицирана опрема, надоместоци за зголемено учество на мисии, поддршка за вежби, појасни министерката.

Викторија Јовановска, која е една од новопримените војниците истакна дека и е чест и задоволство да ја носи униформата и да им служи на граѓаните.

Чест и задоволство е да се носи оваа униформа, голема мотивација ми беше во 2019 да служам добролволно воен рок. Ги мотивирам сите млади да дојат да служат и да се вработат поради тоа што оваа униформа е чест и заедно сме за сите граѓани понатака. Огромна чест е и не секој може да ја носи оваа униформа. Тука сме да служиме на граѓаните и на државата, изјави Јовановска.

Јавниот оглас за прием на новите професионални војници на служба во Армијата беше објавен во септември годинава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства  за станбено обезбедување од 1 јануари 2023 година.

Промовирани огласи »

Познатиот индиски магнат Гаутам Адани стана трета најбогата личност на светот оваа година, бидејќи енергетскиот бум и зголемените зделки ги зголемија акциите на неговите компании. Додека повеќето милијардери изгубија пари, тој додаде 40 милијарди долари на својата заработка во 2022 година.

Пред него сега се само Илон Маск на втората позиција со 130 милијарди долари и Бернард Арно на првото место со 163 милијарди долари.

Адани моментално вреди 116 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Гаутам Адани дефинитивно имаше спектакуларна година. Тој стана најбогатиот човек во Азија, симнувајќи го од врвот својот „ривал“ Мукеш Амбани.

Додека повеќето милијардери изгубија пари, тој додаде дури 40 милијарди долари на неговата нето вредност во 2022 година.

Фото: unsplash

Извор: ало

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »