Промовирани огласи »

Бројот на украдени возила во САД во 2022 година за првпат е еден милион, соборувајќи ги рекордите од претходните години, објави Националното биро за криминал во осигурувањето.

Според податоците на тоа биро, во првите девет месеци од оваа година, во САД биле украдени повеќе од 745.000 возила, што претставува рекордна бројка од 2008 година и зголемување од 24 отсто во споредба со бројките пред пандемијата.

Полицијата вели дека бројот на украдени возила е дури и поголем од тие бројки, бидејќи кражбата на возила е многу тешко да се докаже на суд без сведоци или видео како доказ.

Проценетата вредност на сите украдени возила оваа година надминува 6,6 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Американскиот претприемач и сопственик на „Твитер“ Илон Маск објави дека се направени промени на серверите со базата на податоци и дека ќе се забрза работата на мрежата.

Направени се значителни промени во архитектурата на основните сервери. Твитер треба да биде побрз, напиша Маск на оваа социјална мрежа.

Вчера беа забележани проблеми во работата на „Твитер“ и десетици илјади корисници ширум светот не можеа да пристапат до популарната медиумска платформа или да ги користат нејзините клучни елементи.

По пауза од неколку часа, мрежата повторно стана достапна, објави Ројтерс.

Фото: unsplash

Промовирани огласи »

Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на помалку од шест месеци пред изборите, одлучи да ја укине старосната граница за пензионирање, која им овозможи на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите.

Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.

Ваквата одлука, како што пишуваат медиумите, ќе им користи на луѓето кои почнале да работат пред септември 1999 година, кога се смени законот со кој се регулираат условите за пензионирање, и кои имаат 20 до 25 години социјално регистриран работен век.

Возраста за пензионирање претходно беше 58 години за жени и 60 години за мажи. Засега не се знае колку ќе чини новиот пензиски систем, а Ердоган најави дека 2,25 милиони луѓе имаат право на непосредна пензија.

Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

Фото: Youtube - screenshoot

Промовирани огласи »

Нашата земја повторно е меѓу најнесреќните во регионот и воопшто на европско тло. 

Македонија се наоѓа на 92. место, а Финска повторно е најсреќната земја. Таа четврти пат по ред ја има титулата во најновиот Светскиот извештај за среќа World Happiness Report. Oва е статистичка анализа која покажува кои се најсреќните земји во светот. 

Најдобро рангирана земја од регионот е Словенија на 29. место, Србија на 48. место, Хрватска на 59. место и Босна и Херцеговина на 63. место, а по нив следи Црна Гора на 71.

Експертите анализираа податоци од анкети од 149 држави, особено следејќи ги перформансите во шест категории. Се сметаат бруто домашен производ по глава на жител, социјална политика и здрав животен век. Земени предвид се и слободата да се направи сопствен животен избор, дарежливоста на населението како и нивото на корупција.

Првите седум најсреќни земји во светот се северноевропските држави. По Финска се Данска со 7.620, Швајцарија со 7.571, Исланд со 7.554, Холандија со 7.464, Норвешка со 7.392 и Шведска со 7.363 бодови.

Најмалку среќна земја во светот за живеење е Авганистан, која се најде на 149 место. Таму имаат ниска стапка на очекуваниот животен век и ниските стапки на бруто домашниот производ по глава на жител. Последните пет се дополнети со Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.

Сите истражувања кои се правени последните години покажуваат дека Македонија е лошо место за живот, а Македонците се едни од најнесреќните народи. Единствено, за евтина храна, Македонија беше меѓу првите во Европа, но тоа беше во 2020 година. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »