Промовирани огласи »

Инфлацијата и немањето работна сила најмногу ги погодуваат малите фирми. 

Очекувањата на малите фирми во декември во САД се намалиле. Тие имаат најлоши прогнози за период од шест месеци. Газдите мака мачат да најдат работници.  Третина од газдите ја навеле инфлацијата како најголем проблем, исто како и во ноември. Но, 41 отсто рекле дека не можат да најдат работна сила. Ова најмногу ги погодува транспортот, индустријата и градежниот сектор. Но, и за 2023 година немаат оптимизам. Очекуваат дека состојбата ќе се влоши. 

Image by Tumisu from Pixabay

Промовирани огласи »

Излезе листата на најмоќните пасоши во светот.

Tри азиски држави обезбедија најголема слобода на патување за своите жители, стои во новиот квартален извештај објавен од лондонската истражувачка компанија за глобално државјанство и престој Henley & Partners. Јапонските граѓани уживаат безвизен пристап или пристап до рекордни 193 дестинации ширум светот, веднаш пред Сингапур и Јужна Кореја, чии граѓани можат слободно да посетат 192 држави.  Потоа следат Германија и Шпанија, кои имаат на располагање 190 „бесплатни“ дестинации, а потоа се рангирани Финска, Италија и Луксембург со 189.

Потоа се редат се Австрија, Данска, Холандија и Шведска, кои се изедначени на петтото место, додека Франција, Ирска, Португалија и Обединетото Кралство се на 6 место. Нов Зеланд и САД се на седмото место заедно со Белгија, Норвешка, Швајцарија и Чешка. Граѓаните на Авганистан пак се на дното на индексот и можат да посетат само 27 земји без претходно да аплицираат за виза.

Хрватска се најде на 18 место. Граѓаните на оваа земја можат без виза да патуваат во 174 земји во светот. Босна и Херцеговина е на 49 место со 118 дестинации до кои нејзините жители можат да патуваат без виза. Србија е подобро рангирана од БиХ на 38 место со 136 дестинации, Северна Македонија на 44 место со 125 дестинации и Црна Гора едно место подолу со 124 дестинации. Најлошо позиционирано е Косово, на 101. место и со само 41 дестинација до кои имателите на косовски пасош можат да патуваат без виза. Сопствениците на албански пасош можат слободно да патуваат до 115 дестинации, односно Албанија е на 51. место.

Со години неколку земји се на врвот и нудат најмногу можности за патување за своите граѓани. 

Промовирани огласи »

Компаниите кои сакаат да ја одржат бројката на таленти во своите тимови треба да го прочитаат ова. Наместо да ги објаснувате правилата на компанијата, време е да ги прашате вработените што сакаат да се случи и соодветно да создадете план кој ќе излезе во пресрет на нивните потреби и во исто време нема да го наруши текот на работата. Доколку не го направите ова, бидете подготвени најдобрите вработени да си заминат.

Прашања кои треба да ги земете предвид кога ќе дебатирате за следниот чекор во компанијата:

  • Дали сакате да се вратите на работа во канцеларија?
  • Дали би сакале да бидете во канцеларија бар на одредено време? Ако да, колку часа и денови во неделата?
  • Што функционира, а што не во однос на работата од далечина и како можеме да го подобриме тоa искуство?
  • Каков тип на развој или кариерна поддршка ви е потребна за да можете да дадете се од себе во наредната година?
  • Дали ви е преку глава од Zoom состаноци? Ако да, дали опцијата една недела без состаноци би помогнала?
  • Дали се чувствувате доволно безбедно за да се вратите во канцеларија? Ако не, што би направило да се чувствувате безбедно за да може да се одржуваат состаноци во живо?
  • Како би ја оцениле сопствената работа од минатата година? И што беше најголемата пречка за да може работата да си тече нормално?
  • Дали имате некакви препораки за тоа како можеме да ве поддржиме во годинава што доаѓа?

Ако ги поставите овие прашања, вашиот тим ќе се чувствува ценето и разбрано, нешто што е есенцијално кога се работи за одржување на лојалноста во месеците што доаѓаат.

Промовирани огласи »

Од оваа година повратот на данокот на додадена вредност од фискалните сметки наместо 1.800 денари ќе се зголеми на 2.100 денари. Предлог-законското решение е во собраниска процедура и ставено е како шеста точка на денешната 99. пленарна седница. Законот се носи по скратена постапка.

Правото на враќање на ДДВ се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември 2022 година го утврди текстот на Предлог-законот со кој се зголемува максималниот износ на поврат на ДДВ што може да го добие едно физичко лице со скенирање на фискални сметки за едно тримесечје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »