Во еден од најдобро платените сектори, не се проблем платите,туку немањето работници.
Во октомври лани во Србија според Заводот за статистика просечната заработка била 104.039 динари. Најдобро заработуваат програмерите, консултантите. Милош Турински од компанијата "Infostud poslovi" објаснува дека на врвит се и контролорите на летање, вработените ангажирани за научни истражувања и експлоатација на сирова нафта и природен гас.
Најбарани биле работници за во трговија, машинство, угостителство, администрација, но Турински вели дека е многу тешко да најдете добар керамичар, водоинсталатер, градежник. Газдите за да најдат квалитетен работник за оваа струка, нудат плати од 150.000 или 240.000 динари. Но, во Србија освен ИТ, фалат и возачи. Има и повеќе понуди за работа од дома, било да е тоа во ИТ секторот или маркетинг, пишува српски Мондо. Овој тренд ќе продолжи и во наредните години. Во 2022 година имало 4.000 такви работни позиции.