Промовирани огласи »

Хрватската куна заминува во историја, а денеска е последен ден на плаќање со оваа валута.

Хрватите до полноќ ќе можат да плаќаат со валутата, а потоа ќе преминат на користење на еврото. Тие веќе се дел од еврозоната.  Во првите 14 дена од годинава можеше да се плаќа во куни и во евра. Банките, поштата и Фина ќе разменуваат готовина за сите граѓани во рок од една година од датумот на воведување на еврото. Тоа значи дека од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година, куни ќе се менуваат за готовина во евра по фиксен курс на конверзија (1 евро = 7,53450 куни).

Инаку, хрватските граѓани се пожалија дека имаат ценовен шок. 

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ пред неколку дена ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија.

Дури имаше текстови во медиумите кои укажуваат дека за исти производи цените во Хрватска се повисоки од оние во Германија. Имаше ставови од експерти дека после ова во Хрватска ќе дојде и до зголемување на платите. 

foto freepik.com/johan111

Промовирани огласи »

Породилното отсуство на вработените мајки ќе биде скратено од 9 на 5 месеци, реагира јавоста на социјалните мрежи откако се појави предлог закон. 

За ова алармираше и доктор Ненад Лазаров. 

Се шпекулира дека се предлага намалување на породилно од 9 на 5 месеци. Некои викаат 5месеци мајчинство + 4 месеци родителство и сл. На ваков катастрофален природен прираст, се надевам дека некој веднаш ќе го демантира предлогов, никакви шпекулации не се во ред на ваква сензитивна тема, го сподели тој својот став.

Промовирани огласи »

Во еден од најдобро платените сектори, не се проблем платите,туку немањето работници. 

Во октомври лани во Србија според Заводот за статистика просечната заработка била 104.039 динари. Најдобро заработуваат програмерите, консултантите. Милош Турински од компанијата "Infostud poslovi" објаснува дека на врвит се и контролорите на летање, вработените ангажирани за научни истражувања и експлоатација на сирова нафта и природен гас. 

Најбарани биле работници за во трговија, машинство, угостителство, администрација, но Турински вели дека е многу тешко да најдете добар керамичар, водоинсталатер, градежник. Газдите за да најдат квалитетен работник за оваа струка, нудат плати од 150.000 или 240.000 динари. Но, во Србија освен ИТ, фалат и возачи.  Има и повеќе понуди за работа од дома, било да е тоа во ИТ секторот или маркетинг, пишува српски Мондо. Овој тренд ќе продолжи и во наредните години. Во 2022 година имало 4.000 такви работни позиции. 

Промовирани огласи »

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува.

Ова значи дека мерките кои Владата ги презема вродија со плод, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи.

Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.

Меѓутоа, цената на струјата, односно струјата, е еден влезен параметар во финалната цена, а на цената на струјата влијае и зголемената цена на суровините на светските берзи, тука пред се мислам на месото, млекото, житото..Свесни се и компаниите дека државата во рамки на своите можности прави максимум што може за да им помогне, бидејќи давањето на електирчна енергија од 80 евра по мегават час кога цената на електирчна енергија беше и 500 евра за мегават час значи финансиски издаток за државата со цел да имаме намалување на цените, потенцираше Ковачевски.

Доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата, Ковачевски рече дека два месеци по ред стапката на инфлацијата се намалува, а годишната инфлација со која ја завршивме годината е на нивото со другите европски држави.

Нормално дека државата носи мерки. Ние го продолживме ограничувањето на маржите, но за дополнителни фискални олеснувања во моментов не се разговара. Тоа не значи дека во иднина нема да се разговара, но мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и расходна страна. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна а ја намалуваме приходната страна, тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот, додаде Ковачевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »