Промовирани огласи »

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува.

Ова значи дека мерките кои Владата ги презема вродија со плод, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи.

Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.

Меѓутоа, цената на струјата, односно струјата, е еден влезен параметар во финалната цена, а на цената на струјата влијае и зголемената цена на суровините на светските берзи, тука пред се мислам на месото, млекото, житото..Свесни се и компаниите дека државата во рамки на своите можности прави максимум што може за да им помогне, бидејќи давањето на електирчна енергија од 80 евра по мегават час кога цената на електирчна енергија беше и 500 евра за мегават час значи финансиски издаток за државата со цел да имаме намалување на цените, потенцираше Ковачевски.

Доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата, Ковачевски рече дека два месеци по ред стапката на инфлацијата се намалува, а годишната инфлација со која ја завршивме годината е на нивото со другите европски држави.

Нормално дека државата носи мерки. Ние го продолживме ограничувањето на маржите, но за дополнителни фискални олеснувања во моментов не се разговара. Тоа не значи дека во иднина нема да се разговара, но мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и расходна страна. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна а ја намалуваме приходната страна, тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот, додаде Ковачевски.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Webhelp е глобална outsourcing компанија, која врши корисничка поддршка, за едни од најголемите светски компании во светот. Константно го прошируваме својот тим, за поголема и квалитетна услуга.

Моментално како активни се следниве работни позиции:

ЈУНИОР РЕГРУТЕР
IT COORDINATOR

SGP Group е водечки снабдувач на квалитетни аутсорсинг решенија за избор, од 2006 година SGP Group ги поддржува компаниите во обезбедување на највисок квалитет на произведени производи. Ние сме експерти за следните услуги: избор, сортирање и поправка на делови, компоненти и готови производи. Ние регрутираме и обучуваме вработени за секоја гранка на индустријата. SGP Group нуди работа во динамично опкружување и обезбедува тренинг и развој на нашите вработени.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР - ЛОКАЦИЈА ВЕЛЕС
ОПЕРАТОР - ЛОКАЦИЈА СКОПЈЕ

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО РАДОВИШ

Breadway претставува нешто ново за секого! Кафе! Смути! Пекара! Се на едно место! Моментално го прошируваме својот тим.

Сите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот Хилтон вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути. Нашиот хотел во Скопје нуди флексибилен функционален простор 22.000 квадратни метри, вклучувајќи елегантна балска сала со природно светло, простории за состаноци и сала за состаноци.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ХИГИЕНИЧАР/КА
КЕЛНЕР/КА И ПОМОШНИК КЕЛНЕР/КА ROOM SERVICE/NIGHT SHIFT

Една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа има потреба од вработување.

Сите активни работни позиции мижете да ги најдете ТУКА.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Моментално вработува:

ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ НА УПРАВЕН ОДБОР

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар. 

Моментално се активни следниве работни позиции:

РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

The body shop е британски козметички бренд кој верува дека бизнисот може да биде сила за добро и ги става луѓето и планетата на прво место, влегува на македонскиот пазар. Изработува производи кои содржат состојки од етички извори и природно потекло кои помагаат телата да се чувствуваат прекрасно и негувано.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ/КА
МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА

Доколку сеуште го немате пронајдено своето идеално работно место, сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

За вработените во вашата компанија да бидат навистина професионалци, потребно е секако и вашата фирма да биде доста привлечна. Секоја интеракција која вашата фирма ќе ја има со потрошувач или пак кандидат за работа е многу важна.

Секогаш бидете добредојдени за различни кандидати,бидејќи културната разновидност е една од најсилните карактеристики што може да ги има една компнија. Од голема важност е како ќе ги претставите вашите огласи за работа,бидејќи треба да бидат навистина креативни и ќе ја претстават вашата компанија како добредојдена за сите. Кандидатите за работа секогаш ќе ги земат во предвид само оние компании кои имаат одлична работна средина.

За поновата генерација на работени секогаш е важно да имаат флексбилност во работењето и слобода за иновации,бидејќи ова се двете најважни вредности што тие ќе ги бараат од работодавачите. Доколку имате добар опис за работното место и јасно наведен предлог за вредноста на вработените,имате многу големи шанси да го откриете вистински талентот кој ќе ви треба за вашето работно место. На тој начин ќе успеете да го задржите вниманието на новите потенцијални вработени.

Промовирани огласи »

Белград е најскап, а потоа Будва и Тирана

Numbeo е сајт кој се занимава со анализа на дневните трошоци ширум светот, а една листа ги рангира градовите на Балканот. Станува збор за листа на најскапите и најевтините градови во Европа за 2023 година, на кои нашиот регион можеби не е високо позициониран, но кога ќе се фокусираме само на него – добиваме интересни податоци.

При рангирањето на градовите се воделе според цените во рестораните и маркетите, цените на јавниот превоз, киријата, здравството...

Утврдено е дека на Западен Балкан најскап град за живеење е Белград, главниот град на Србија (186 место во Европа), веднаш по него е Будва (188 место во Европа), туристичката престолнина на Црна Гора, а на ред е Тирана (194 место во Европа), главен град на Албанија. Трошоците за живот во Белград се 42,5 отсто во споредба со трошоците за живот во Њујорк, а 41 отсто во Тирана.

„Иако Тирана се смета за евтина за живеење од гледна точка на другите Европејци, таа е скапа за локалното население и нивото на приход. Зголемените трошоци и инфлацијата доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа“, пишува Euractiv. Ситуацијата во Белград не е детално опишана.

Од друга страна, Приштина (234 место) се издвојува како едно од најевтините места за живеење во Европа, потоа Ниш (232 место), Крајова во Романија и Тузла во БиХ.

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, се наоѓа на 206. место во Европа и е поскап за живеење од Скопје, Подгорица, Нови Сад - пренесува Klix.ba.

Што се однесува до вкупната листа на најскапи градови во Европа за 2023 година, Базел е на врвот, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Во топ 10 се и Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо во Норвешка, а високо рангирани се и Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.

Близу до дното на листата се градовите во Украина зафатена од војна, а на последно место е градот Харков.

Фото: unsplash

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »