За компанијата: Ние сме козметички бренд кој верува дека бизнисот може да биде сила за добро и ги става луѓето и планетата на прво место. Нашите производи кои содржат состојки од етичко потекло и природно потекло помогнаа телата да се чувствуваат збогатени и сакани од 1976 година.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
The body shop – британскиот лидер во произвотство на органска козметика, за потребите на својот прв продажен објект кој наскоро се отвора со Skopje City Mall , има потреба од следниве работни позиции:
Store Manager – Менаџер на продавница
Потребни квалификации:
• Високо образование
• Пасија за продажба и способност за финансиска анализа и унапредување на продажбата
• Одлични лидерски способности, менаџирање со личен пример и позитивна енергија
• Високо развиени комуникациски и организациски способности
• Солидни оперативни вештини ( работа со софтер за продажба, on-line продавница)
• Способност за градење на тимски дух, обука на тимот и промовирање на вредностите на брендот
• Одлично познавање на Англиски јазик и MS Office
• Проактивна личност , мотивирана од резултати, спремна за континуирани обуки , раст и развој.
Работни задачи:
• Грижа за продажен тим од 5 вработени и оперативни задачи кои вклучуваат
• Следење на резултати на продажба и изготвување на извештаи, имплементација на процедури согласно законски прописи, распоред на смени на вработени во продажба.
• Учество во продажба на производи
• Следње и координирање на on-line продажба
• Следење на обуки и конинуирано унапредување на знаењето за продуктите на The body shop
• Контрола на квалитетот на продажба, обучување и мотивирање на вработените како тие би можеле да растат и да го развијат својот максимален потенцијл
• Давање предлози за унапредување на продажбата, следење на потребите на потрошувачите
обезбедување одлична услуга и создавање лојални потрошувачи
• Административни задачи во врска со продажбата ( внес на шифри, декларации, цени, попусти )
• Учество во подготовка на маркетинг и промотивни активности
• Координација на продажбата и магацинското работење, следење на залиха и управување со порцес на прием и поврат на производи
• Грижа и одговорност за дневниот пазар, состојба на благајна, дневни контроли на благајна
Позициите подразбираат сменска работа во мол, 40 работни часови неделно.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим пратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ве молиме наведете ја позицијата за која аплицирате.
Слични огласи »