За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Регионален менаџер за Пелагониски регион
Локација: Прилеп/Битола
Одговорности и задачи:
- Организирање и раководење на тимот во продажниот салон во Прилеп и Битола;
- Градење на успешен тим во продажниот салон во Прилеп и Битола;
- Пренесување на корпоративните вредности на останатите членови на тимот;
- Потикнување на тимовите кон активна вклученост во продажба и нивен личен развој;
- Советување на членовите на тимовите во насока на оперативен напредок;
- Организација на работните обврски на членовите од тимовите;
- Формирање планови за личен и тимски развој;
- Градење однос со потрошувачи;
- Развивање квалитетен процес за уредување на ентериерот на потрошувачот.
Твојот профил е:
- Сакаш мебел, уредување на ентериер и дизајн;
- Имаш позитивен став и енергија;
- Флексибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Насочен си кон тимска работа;
- Имаш работно искуство на иста или слична позиција од минимум 3 години;
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое го подигнува твојот личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина;
- Предизвикувачки и разновидни задачи;
- Наградување и пратење на процесот на развој на компетеност и личен учинок;
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака регионален менаџер за Пелагониски регион.
Слични огласи »