Промовирани огласи »

За вработените во вашата компанија да бидат навистина професионалци, потребно е секако и вашата фирма да биде доста привлечна. Секоја интеракција која вашата фирма ќе ја има со потрошувач или пак кандидат за работа е многу важна.

Секогаш бидете добредојдени за различни кандидати,бидејќи културната разновидност е една од најсилните карактеристики што може да ги има една компнија. Од голема важност е како ќе ги претставите вашите огласи за работа,бидејќи треба да бидат навистина креативни и ќе ја претстават вашата компанија како добредојдена за сите. Кандидатите за работа секогаш ќе ги земат во предвид само оние компании кои имаат одлична работна средина.

За поновата генерација на работени секогаш е важно да имаат флексбилност во работењето и слобода за иновации,бидејќи ова се двете најважни вредности што тие ќе ги бараат од работодавачите. Доколку имате добар опис за работното место и јасно наведен предлог за вредноста на вработените,имате многу големи шанси да го откриете вистински талентот кој ќе ви треба за вашето работно место. На тој начин ќе успеете да го задржите вниманието на новите потенцијални вработени.

Промовирани огласи »

Белград е најскап, а потоа Будва и Тирана

Numbeo е сајт кој се занимава со анализа на дневните трошоци ширум светот, а една листа ги рангира градовите на Балканот. Станува збор за листа на најскапите и најевтините градови во Европа за 2023 година, на кои нашиот регион можеби не е високо позициониран, но кога ќе се фокусираме само на него – добиваме интересни податоци.

При рангирањето на градовите се воделе според цените во рестораните и маркетите, цените на јавниот превоз, киријата, здравството...

Утврдено е дека на Западен Балкан најскап град за живеење е Белград, главниот град на Србија (186 место во Европа), веднаш по него е Будва (188 место во Европа), туристичката престолнина на Црна Гора, а на ред е Тирана (194 место во Европа), главен град на Албанија. Трошоците за живот во Белград се 42,5 отсто во споредба со трошоците за живот во Њујорк, а 41 отсто во Тирана.

„Иако Тирана се смета за евтина за живеење од гледна точка на другите Европејци, таа е скапа за локалното население и нивото на приход. Зголемените трошоци и инфлацијата доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа“, пишува Euractiv. Ситуацијата во Белград не е детално опишана.

Од друга страна, Приштина (234 место) се издвојува како едно од најевтините места за живеење во Европа, потоа Ниш (232 место), Крајова во Романија и Тузла во БиХ.

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, се наоѓа на 206. место во Европа и е поскап за живеење од Скопје, Подгорица, Нови Сад - пренесува Klix.ba.

Што се однесува до вкупната листа на најскапи градови во Европа за 2023 година, Базел е на врвот, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Во топ 10 се и Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо во Норвешка, а високо рангирани се и Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.

Близу до дното на листата се градовите во Украина зафатена од војна, а на последно место е градот Харков.

Фото: unsplash

Промовирани огласи »

Европјаните се загрижени поради поскапувањата. Според Евробарометар, 93 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот. 

Во секоја земја-членка на ЕУ, повеќе од седум од десет испитаници се загрижени за порастот на трошоците за живот. Најголема загриженост има во Грција (100 проценти), Кипар (99), Италија и Португалија (и двете по 98 отсто). 82 проценти од испитаниците се загрижени поради заканата од сиромаштија и социјална исклученост, а 81 отсто рекле дека се грижат поради климатските промени и опасноста војната во Украина да се прошири и во другите земји. Анкетата покажува и дека речиси половина од населението на ЕУ (46 проценти) навеле дека нивниот животен стандард веќе е намален поради ефектите од пандемијата на коронавирусот, поради војна на Русија против Украина и кризата со трошоците за живот. 39 отсто се изјасниле дека не доживеале пад на нивниот животен стандард, но очекуваат тоа да се случи во тековната година.

Но, и во регионот нема да биде лесно. За Западен Балкан се предвидува раст од 2,5 проценти во 2023 година, наспроти првично проектираниот од 3,1 проценти. Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава. 

  

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со радост најавува ексклузивна работилница на 10.02.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг професионалци и ентузијасти! Предавач на еднодневната работилница ќе биде директорката на Google Marketing Platform Turkey, Ece Ozturk Dogan.

На работилницата ќе се работи на практични маркетинг предизвици и решенија и е наменета за сите маркетинг ентузијасти од почетен степен до сите маркетинг експерти од државата и регионот. Сите учесници по завршувањето на работилницата ќе добијат сертификат. 

Дополнително ги повикуваме и компаниите кои сакаат да инвестираат во маркетинг знаењата на своите вработени да бидат дел од овој одличен настан. 

Теми кои ќе бидат опфатени на работилницата:

  • Google tools for startups
  • How Google ads work?
  • Digital maturity framework
  • Youtube and display ads
  • Enterprise advertising solutions
  • Ga4 and the future of Google

Карти за работилницата може да се купат онлајн на следниот ЛИНК

За било какви дополнителни информации и консултации ви стоиме на располагање на [email protected] или пак на 078 479 306


 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »