Промовирани огласи »

Европјаните се загрижени поради поскапувањата. Според Евробарометар, 93 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот. 

Во секоја земја-членка на ЕУ, повеќе од седум од десет испитаници се загрижени за порастот на трошоците за живот. Најголема загриженост има во Грција (100 проценти), Кипар (99), Италија и Португалија (и двете по 98 отсто). 82 проценти од испитаниците се загрижени поради заканата од сиромаштија и социјална исклученост, а 81 отсто рекле дека се грижат поради климатските промени и опасноста војната во Украина да се прошири и во другите земји. Анкетата покажува и дека речиси половина од населението на ЕУ (46 проценти) навеле дека нивниот животен стандард веќе е намален поради ефектите од пандемијата на коронавирусот, поради војна на Русија против Украина и кризата со трошоците за живот. 39 отсто се изјасниле дека не доживеале пад на нивниот животен стандард, но очекуваат тоа да се случи во тековната година.

Но, и во регионот нема да биде лесно. За Западен Балкан се предвидува раст од 2,5 проценти во 2023 година, наспроти првично проектираниот од 3,1 проценти. Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава. 

  

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со радост најавува ексклузивна работилница на 10.02.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг професионалци и ентузијасти! Предавач на еднодневната работилница ќе биде директорката на Google Marketing Platform Turkey, Ece Ozturk Dogan.

На работилницата ќе се работи на практични маркетинг предизвици и решенија и е наменета за сите маркетинг ентузијасти од почетен степен до сите маркетинг експерти од државата и регионот. Сите учесници по завршувањето на работилницата ќе добијат сертификат. 

Дополнително ги повикуваме и компаниите кои сакаат да инвестираат во маркетинг знаењата на своите вработени да бидат дел од овој одличен настан. 

Теми кои ќе бидат опфатени на работилницата:

  • Google tools for startups
  • How Google ads work?
  • Digital maturity framework
  • Youtube and display ads
  • Enterprise advertising solutions
  • Ga4 and the future of Google

Карти за работилницата може да се купат онлајн на следниот ЛИНК

За било какви дополнителни информации и консултации ви стоиме на располагање на [email protected] или пак на 078 479 306


 

Промовирани огласи »

Сопственикот на „Тесла“ и „Твитер“ Илон Маск влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем губитник во историјата, бидејќи од ноември 2021 до декември 2022 година загубил околу 165 милијарди долари, според Гинисовата книга на рекорди.

Овие бројки се засноваат на податоци на Форбс, но Гинис наведе дека други извори укажуваат дека загубите на Илон Маск би можеле да бидат уште поголеми, пренесува Би-Би-Си.

Во изјавата на Гинис се наведува дека „точниот износ на загубата на Маск е речиси невозможно да се одреди“, бидејќи некои медиуми проценуваат дека тој изгубил повеќе од 200 милијарди долари во 2022 година, но неспорно е дека го соборил претходниот рекорд, кој е со загуба од 58, 6 милијарди долари во 2000 година во сопственост на јапонскиот инвеститор Масајоши Сон.

Намалувањето на богатството на Маск во најголема мера е последица на големиот пад на вредноста на акциите на Tesla, кои загубија околу 65 отсто од нивната вредност во текот на најлошата година во историјата на компанијата, пренесува N1.

Маск не е единствениот милијардер чие богатство се намали во 2022 година, бидејќи американските милијардери минатата година изгубија вкупно 660 милијарди долари.

На второто место на листата на минатогодишни губитници е сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос, кој загуби 80 милијарди долари, а претходниот рекорд го собори сопственикот на компанијата „Мета“ Марк Цукерберг, кој минатата година загуби 78 милијарди долари.

И покрај рекордната загуба, Маск и понатаму е вториот најбогат човек во светот. Форбс неговото богатство го процени на 320 милијарди долари во 2021 година, а сега му останаа „само“ 138 милијарди.

Според Форбс, моментално најбогат човек на светот е Французинот Бернар Арно, со имот вреден 190 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

Денеска се исплаќа и финансиската поддршка за невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

Финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Северна Македонија.Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се исплаќа финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и тоа за корисници со пензија до 11.525 денари месечно, 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, и од 11.526 денари до 14.000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци. За корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување 750 денари месечно за четири месеци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »