За компанијата: Ние сме козметички бренд кој верува дека бизнисот може да биде сила за добро и ги става луѓето и планетата на прво место. Нашите производи кои содржат состојки од етичко потекло и природно потекло помогнаа телата да се чувствуваат збогатени и сакани од 1976 година.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
The body shop – британскиот лидер во произвотство на органска козметика, за потребите на својот прв продажен објект кој наскоро се отвора со Skopje City Mall , има потреба од следниве работни позиции:
Продажен Асистент
Потребни квалификации:
• Минимум средно образование
• Високо развиени комуникациски вештини и ентузијазам за работа во продажба
( претходно работно искуство во продажба ќе се смета за предност)
• Оперативни вештини : работа со компјутери МS Office ( MS Word, MSExcel )
• Познавање на англиски јазик
• Способност за работа во тим и придонесување за развој на тимски дуx
• Мотивиран од резултати и амбициозен за постојано усовршување и развој
• Поседување на флексибилност и дисциплина во работењето
Работни задачи:
• Продажба на производите
• Услужување на потрошувачите со акцент на висок квалитет на продажната услуга
• Прием и изложување на производите согласно претходно дефинирани стандарди
• Административни активности поврзани со продажба
• Одржување на хигиена во малопродажен објект
Ние нудиме:
• Проактивна, динамична и пријатна работна средина
• Работа за интернационален бренд кој ја поддржува различноста и инвестира во обука, раст и развој на своите вработени
• Спремност да ги слушнеме вашите идеи за унапредување на продажните резултати и градење на тимскиот дух 😊
• Атрактивна месечна плата и мотивирачки бонус системи
Позициите подразбираат сменска работа во мол, 40 работни часови неделно.
Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим пратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ве молиме наведете ја позицијата за која аплицирате.
Слични огласи »