Промовирани огласи »

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги известува граѓаните дека утре ќе може бесплатно да ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

По повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) Ве известуваме дека на 19.01.2023 година (четврток) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ, информираат од претпријатието.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.01.2023 година (петок) со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

Секако првиот впечаток е важен кога одите на интервју за работа. Посебно ако е за работното место кое навистина го посакувате. За полесно да се организирате подолу ќе пронајдете неколку совети како да се припремите за да оставите најдобар можен впечаток.

Спремете го вашиот говор

Воведниот говор за себе треба да ги пренесе длабочините на вашето искуство и она што го барате. Прилагодувањето на вашиот говор може да направи да звучите многу поубедливо.Поставете ги вашите намери за разговорот кој сакате да го водите за да бидете подготвени. Без разлика дали барате нова работа,се опишувате себеси во мотивациско писмо или пак сакате само унапредување, знајте што сакате и поставете го убедливо вашиот тон на зборување на правнилно артикулиран начин. Убедете ја личноста со која разговарате дека имате одлични вештини и секако се интересирате за тоа што таа има да ви го каже.

Позиционирајте го правилно вашето тело

Сите знаеме дека позицијата на телото е особено важна. Воспоставување контакт со очите,цврсто ракување, цврстиот став и насмевка на лицето пренесуваат чувство на доверба. Довербата може да биде од големе значење, што значи дека кога се однесувате самоуверено, ќе почнете да се чувствувате посигурни, а и другите ќе ве доживуваат како сигурна и компетентна личност. Бидете свесни какви сигнали испраќате со вашиот став, тонот на гласот, држењето на телото,гестовите и изразите на вашето лице и секогаш зборувајте со голем ентузијазам.

Одберете го внимателно вашиот изглед

Секако изгледот има свое значење. Луѓето го забележуваат начинот на кој се облекувате, како се носите себеси и вашата целокупна презентација. Колку ова толкување и да е субјективно, вие не сакате негативната перцепција за вашиот стил да ја засени суштината на состанокот.

Покажете вистински интерес и подготвеност да помогнете

Слично како и довербата,позитивноста исто така има важна улога. Потрудете се да бидете позитивни и доверливи во професионалните интеракции. Емитувајте позитивна емоционална енергија и поставувајте прашања за да извлечете одговори.

Оставете добар впечаток

Важно е да запомните дека оставате прв впечаток пред воопшто да запознаете некого. Потрудете се да имате добра репутација, бидејќи често луѓето ќе ве побараат на социјалните мрежи.Оставете слика за вашата репутација онаква каква што сакате да биде во сите форми, бидејќи воспоставувањето на вашиот професионален идентитет може да го зајакне вашиот следен чекор.

Промовирани огласи »

Нацрт-верзијата на новиот Закон за работни односи предвидува да се ограничи времето кое работникот може да биде вработен на определено време. Со договор на определено, еден работодавец ќе може да држи работник најмногу две години, наместо сегашните пет, а потоа ќе мора да му го трансформира работниот однос на неопределено.

Ова е една од клучните придобивки кои министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, ги истакна во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

Во тој период од две години, предност, според неа, е и тоа што работодавецот нема да може да му дава на работникот да потпишува анекс на договорот секој месец, туку тоа ќе биде дозволено најмногу три пати. 

Ставаме клаузула да не може еден работник секој месец да потпишува анекс. Туку велиме најмногу до три пат во периодот од две години. Нема да може секој месец. Ќе има три пати и работодавецот ќе мора да ги распредели, вели Тренчевска.

Таа нагласи дека синдикатите барале максималното време за работа на определено да биде една година, а работодавците предлагале да остане иста – пет години или да се намали на најмалку три. Затоа периодот од две години е избран како компромис.

Меѓу другите придобивки за работнциите таа нагласи и дека се воведуваат нови форми на работа, како што се „работа од дома“ и „работа од далечина“ што смета дека е особена придобивка за младите работници да бираат како ќе работат. На ова, вели Тренчевска, нè поучи ковид-пандемијата кога голем дел од работниците работеа од дома.

Исто така, наведе министерката, нема да има и горна граница колку ќе изнесува годишниот одмор.

Ја тргаме горната граница на времетраењето на годишниот одмор која беше стриктно до 26 дена, даваме право на работодавците со синдикатите да договорат преку колективни договори. Велиме минимумот е 20 дена, а горната граница нема, рече Тренчевска.

Министерката нагласи дека ова се предлози од нацрт-верзијата, а по собирањето на предлозите, и јавните дебати очекува во текот на февруари да бидат сумирани сите забелешки, да се пушти предлог-законот во владина процедура, а потоа и во собраниска.

Промовирани огласи »

Оваа година треба да стапи на сила договорот за роаминг, според кој сите повици на мобилни телефони, исто како и користењето на интернет преку мобилен телефон, во Западен Балкан и ЕУ ќе се плаќа по исти цени како што се плаќа во сопствената земја.

Ова денеска на Твитер го објави хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ кој вели дека оваа идеја постои одамна, но сега е блиску до реализација.

Денеска во парламентот се одржа комисијата за европски прашања, на која државниот секретар Андреја Метелко Згомбиќ рече дека главниот договор е веќе потпишан, но треба да се потпишат уште неколку помали договори. Треба да стапи на сила вели Главашевиќ за хрватскиот Индекс, додавајќи дека политичката волја за таков договор постои подолго време.

Според Главашевиќ, во договорот треба да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан (Србија, Македонија, БиХ…) кои на каков било начин се вклучени во процесот на влез во Европската унија.

Ова е дел од една поширока идеја за пристапниот процес. На тоа се работеше додека Хрватска претседаваше со Европската унија. Идејата беше да се создаде модифициран пристапен процес, односно кога земјите ќе исполнат одредени критериуми, нивните граѓани веќе можат да уживајте во некои бенефиции уште пред да влезете во Унијата, рече Главашевиќ.

Тој објаснува и дека ќе има заштитни клузули кои ќе спречуваат на пример, некој од Хрватска да земе претплата во Србија и да плаќа по пониски, дампинг цени“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »