Промовирани огласи »

Оваа година треба да стапи на сила договорот за роаминг, според кој сите повици на мобилни телефони, исто како и користењето на интернет преку мобилен телефон, во Западен Балкан и ЕУ ќе се плаќа по исти цени како што се плаќа во сопствената земја.

Ова денеска на Твитер го објави хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ кој вели дека оваа идеја постои одамна, но сега е блиску до реализација.

Денеска во парламентот се одржа комисијата за европски прашања, на која државниот секретар Андреја Метелко Згомбиќ рече дека главниот договор е веќе потпишан, но треба да се потпишат уште неколку помали договори. Треба да стапи на сила вели Главашевиќ за хрватскиот Индекс, додавајќи дека политичката волја за таков договор постои подолго време.

Според Главашевиќ, во договорот треба да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан (Србија, Македонија, БиХ…) кои на каков било начин се вклучени во процесот на влез во Европската унија.

Ова е дел од една поширока идеја за пристапниот процес. На тоа се работеше додека Хрватска претседаваше со Европската унија. Идејата беше да се создаде модифициран пристапен процес, односно кога земјите ќе исполнат одредени критериуми, нивните граѓани веќе можат да уживајте во некои бенефиции уште пред да влезете во Унијата, рече Главашевиќ.

Тој објаснува и дека ќе има заштитни клузули кои ќе спречуваат на пример, некој од Хрватска да земе претплата во Србија и да плаќа по пониски, дампинг цени“.

Промовирани огласи »

 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека со нацрт-законите за работни односи и за системот на плати не се кратат работничките права.

Тренчевска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма ги оцени како спинови и невистини реакциите за овие два нацрт-закона и рече дека не знае од каде стравот кај синдикатите за двата закона особено за законот за работни односи кој, како што рече, е работен во консултација со синдикатите.

Според Тренчевска, двата закона ги унапредуваат работничките права. Како позитивни ги оцени одредбите во законот за работни односи со кои се намалува времетраењето на договорите на определено време од сегашните пет на две години.

Работник кај ист работодавач не ќе може повеќе од три пати да склучува анекс на договорот во период од две години што значи дека нема да потпишува секој месец, појасни Тренчевска.

Се воведува работа од дома и работа од далечина, а новина е и тоа што е тргната горната граница во времетраењето на годишниот одмор што ќе ја утврдуваат заедно синдикатот и работодавачот преку колективно преговарање. Придобивка, според Тренчевска, е и тоа што се воведува обврска на работодавачот доколку му е прекинат договорот за работа на работникот, да му биде исплатен годишниот одмор.

Тренчевска ги отфрли и тврдењата дека со нацрт-законот за систем на плати за време на годишниот одмор на работникот ќе му биде исплатена само основната плата. Како што посочи, во основната плата ќе влегува и минатиот труд.

Ова е нацрт-текст на закон, ќе се организираат јавни дебати и секое оставање на можност за различна интерпретација ќе биде дел од јавни дебати, рече Тренчевска, додавајќи дека очекува до средината на февруари да се соберат сите забелешки по овие закони.

Тренчевска не се согласува со оценките на синдикатите дека се суспендира колективното договарање. Ингеренциите што му се даваат на министерот за финансии од кој треба да се добие позитивно мислење во однос на фискалните импликации од колективниот договор врз буџетот, според Тренчевска, се оправдани. Доколку не се добие позитивно мислење од министерот за финансии за склучен колективен договор, како што појасни Тренчевска, повторно синдикатот и работодавачот ќе седнат на преговарачка маса.

Ако министерот не даде позитивно мислење, ќе се седне повторно на преговори се додека не се добие позитивно мислење. Министерот дава мислење само за фискаланиот ефект врз буџетот и тоа е нормално, рече Тренчевска.

Во однос на новините во породилното отсуство, Тренчевска повтори дека не се крати ништо од сегашните права. Не се крати сегашното породилно отсуство од девет месеци, туку му се дава можност и на таткото да се вклучи во грижата на своето дете. Се предвидува мајчинско отсуство од пет месеци во првите месеци од раѓањето на детето, понатаму четири месеци родителско отсуство за мајката и четири месеци родителско отсуство за таткото кои можат да ги користат наизменично или заедно. Предвидени се и 15 дена татковство, односно од првиот ден на раѓање 15 дена доколку се роди едно дете, а за близнаци или повеќе деца татковство од 20 дена. Дополнително, имаат право и на неплатено отсуство за двајцата родители во траење од два месеци кои можат да го користат до осумгодишна возраст на детето.

На прашање за истополови бракови, ми нистерката Тренчевска кажа дека кај нас „истополовата заедница не е дефинирана и оти се што се однесува во ЗРО се однесува на мајката и на таткото. 

Промовирани огласи »

Без разлика дали го именувате својот бизнис по прв пат или пак веќе го имате тоа направено неколку пати, принципите и правилата не се менуваат, но вие се менувате. Поради тоа треба да знаете што е важно за брендирање на нов бизнис и избор на името. Многу малку од основачите при креирање на бренд знаат колку всушност тесно се поврзани позиционирањето на брендот, познавањето на вашите клиенти, како и нормите за именување на вашата индустрија за да може да изберете одлично име за вашиот бренд.

Немој да се трудите да дадете совршено име на вашиот бренд, бидејќи сепак такво нешто не постои. Многу од основачите сакаат да направат апсолутно се да биде правилно,секако тоа е доста паметен инстинкт,но морате да имате реални очекувања. Именувањето на брендот претставува само една од многуте работи коишто треба да ги направите за вашиот бренд.

Секако дека знаете во кој сектор спаѓа вашиот нов бизнис, но исто така добро би било доколку ги знаете имињата на вашата конкуренција. Направете си една листа на зборови и фрази кои се однесуваат на вашиот бренд и визија, оттаму може да изградите идеи и концепти кои ќе ви помогнат да го одберете името на вашиот бренд.

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. 

Моментално вработува и се активни следниве работни позиции:

SALES ADVISOR – ОХРИД
SAP PI CONSULTANT
RESIDENTIAL PROPOSITION MARKETING – PRODUCT MARKETING SPECIALIST
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА
SALES ADVISOR SKOPJE
TECHNICAL SUPPORT AGENT
CPE EXPERT

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »