Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. 

Моментално вработува и се активни следниве работни позиции:

SALES ADVISOR – ОХРИД
SAP PI CONSULTANT
RESIDENTIAL PROPOSITION MARKETING – PRODUCT MARKETING SPECIALIST
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА
SALES ADVISOR SKOPJE
TECHNICAL SUPPORT AGENT
CPE EXPERT

Промовирани огласи »

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни.

На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.

За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека основните прехранбени производи не поевтинуваат онака како што јавноста очекува затоа што, и покрај тоа што е средина на месец јануари, се уште кај маркетите има залихи на суровини по стара цена.

Според Ковачевски, кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, а има и намалување на цените на млекото кај одредени млекарници. Ова премиерот го посочи во своето обраќање на конференцијата „Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија

Тој во наредниот период очекува дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производи од пекарската, млекарската и од месната индустрија кое што намалување, како што рече, очекува да биде како што беше договорено од најмалку десет проценти. 

Владата од 1 декември 2022 ја субвенционира ценатат на електрична енергија за големите компании од прехранбениот сектор и ја продава за 80 евра по мегаватчас, додека цените на горивата во изминатиот период се стабилизираа кај малопродажбата.

Промовирани огласи »

Британската хуманитарна организација „Оксфам“ повика на итна акција за борба против глобалната економска нееднаквост во ерата по ковид-19, откако беше утврдено дека две третини од новото богатство стекнато од почетокот на пандемијата отишло во рацете на еден процент од најбогатите луѓе во светот.

Во извештајот, чие објавување се совпаѓа со годишниот собир на светската елита на Светскиот економски форум во Давос кој почнува денеска, Оксфам наведува дека најбогатите собрале дополнителни 26 трилиони долари на крајот на 2021 година, јави „Гардијан“.

Тоа претставувало 63 отсто од парите од вкупното новостекнато богатство, додека остатокот отишол во рацете на 99 отсто од населението на планетата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »