Промовирани огласи »

Германската државна развојна банка KfW го идентификува постојаниот недостиг на квалификувани работници и падот на продуктивноста на трудот како сериозна закана за просперитетот на Германија, јави ДПА.

Нивото на благосостојба во Германија практично се зголеми во изминатите 70 години, но доаѓа крајот на овие времиња, бидејќи основата за нејзиниот понатамошен раст пропаѓа, е заклучокот на KFW, врз основа на студија цитирана од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Комбинацијата на долгорочен пад на бројот на вработени на домашниот пазар на труд и слаб раст на продуктивноста претставува единствен предизвик со кој се соочуваме за прв пат во повоениот период, нагласува главниот економист на Банката, Фрици Келер-Габе.

Во извештајот се наведува дека за да не се оствари мрачната прогноза, германскиот пазар на труд мора да се стимулира со имиграција и со дополнителни мерки.

Дополнително, мора да се зголеми продуктивноста на трудот, на пример со намалување на бирократијата и со промовирање на иновациите, заклучија експертите на KFW.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со радост најавува ексклузивна работилница на 10.02.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг професионалци и ентузијасти! Предавач на еднодневната работилница ќе биде директорката на Google Marketing Platform Turkey, Ece Ozturk Dogan.

На работилницата ќе се работи на практични маркетинг предизвици и решенија и е наменета за сите маркетинг ентузијасти од почетен степен до сите маркетинг експерти од државата и регионот. Сите учесници по завршувањето на работилницата ќе добијат сертификат.

Причини зошто да станете дел од оваа работилница:

  • Работилницата е одлична можност за вмрежување!
  • Ќе има Q&A сесија каде сите ваши прашања ќе добијат одговори.
  • Ќе имате шанса да научите за Google / YouTube / Display Ads и нивните функции.
  • Ќе го одговориме прашањето: Како да постигнете успех со користење на маркетинг Алатки?
  • Работилницата ќе ја води ECE OZTURK DOGAN - HEAD OF GOOGLE MARKETING PLATFORM во Tурција!

Oфицијалната aгенда со теми кои ќе се покријат на работилницата.

Карти за работилницата може да се купат онлајн на следниот ЛИНК.

За било какви дополнителни информации и консултации ви стоиме на располагање на [email protected] или пак на 078 479 306

Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.5 %) и Административни и помошни услужни дејности (17.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.5 %) и Уметност, забава и рекреација (3.1 %), информираат од ДЗС.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит, соопшти попладнево РКЕ. 

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »