Промовирани огласи »

 Северна Македонија e рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси Интернешнл.

Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Северна Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.

Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41 место, Грција е 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110 место.

Најмалку корупција, според Транспаранси интернешенел, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја. 

Промовирани огласи »

Axios пишува дека и натаму се барани работниците кои се грижат за сабјер сигурноста. 

Поради честите хакирања и сајбер напади тие се многу барани. Лани во огласите за во јавен сектор имало за 25 отсто пораст. Компаниите се бореа за сабјер безбедност, а лани на секои 100 работни места имало 68 вработени работници.  Некои фирми вработуваа почетници, кои пак имаат проблем да се пробијат во индустријата. 

Порталот наведува дека бројот на работници за сабјер безбедност лани не се променил и изнесувал 1.1 милиони. Лани работодавците објавиле 755.743 слободни работни места во секторот за сабјер безбедност. Ако во јавниот сектор порастот за вакви кадри е за 25 отсто, во приватниот сектор има скок за 21 отсто. 

Промовирани огласи »

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе прогласи крај на здравствената криза предизвикана од Ковид-19 на 11 мај, три години откако САД воведоа строги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на болеста.

Вонредната состојба и јавната здравствена криза во земјата поради пандемијата на коронавирус беше прогласена во 2020 година од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во тоа време, но Бајден ја продолжуваше, што им овозможи на милиони Американци да добијат бесплатно тестирање, вакцини и лекови против Ковид-19.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа (ОМБ) соопшти дека вонредната состојба наскоро ќе истече, но ќе биде продолжена до 11 мај, а потоа ќе заврши.

Со укинувањето на вонредната здравствена криза, лековите и вакцините повеќе нема да бидат бесплатни. Белата куќа сака тоа да трае до 11 мај, за болниците, здравствените работници и здравствените работници да можат да се подготват за низата промени што ќе следат.

ОМБ во посебно соопштение објави дека Бајден ќе стави вето на предложениот нацрт-закон во Конгресот со кој би се укинале задолжителните вакцини за здравствените работници вработени во некои федерални владини програми.

Републиканците кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом бараат да не се чека мај за крајот на пандемијата и велат дека администрацијата на Бајден повеќе не може да се крие зад Ковид-19 за да троши милијарди долари од парите на даночните обврзници на нивната „немилосрдна и радикална агенда“.

Бројот на заразени луѓе во САД опаѓа, иако околу 500 луѓе умираат од Ковид-19 секој ден, според владини податоци.

Од почетокот на 2020 година до средината на 2022 година, Ковид-19 беше третата водечка причина за смрт во САД, но сега веќе не е ниту во првите пет „убијци“, соопштија федералните власти.

Промовирани огласи »

Добрите лидери не само што ја насочуваат работата на своите вработени - тие исто така ги инспирираат. Тие им дават мотивација на  сите околу нив да го достигнат својот максимум. Исто така поттикнуваат за  поголем ангажман и му помагаат на тимот да работи преку предизвикувачки околности. Се разбира, еден од најголемите предизвици за лидерите е да го најдат вистинскиот баланс за да ги добијат најдобрите резултати од нивниот тим, без да стане наметлив или непријатен. Според многу истражувања овие совети се покажале како ветувачки.

Исполнете ги основните потреби на вработените

Едно истражување покажало дека луѓето имаат три основни потреби на работното место и тоа да се чувствуваат безбедно, да имаат чувство на припадност и да чувствуваат дека се од важност. Овие потреби се очигледно важни во нечие секојдневие, но тие можат да бидат исто толку важни и на работниот простор. Кога овие потреби се задоволени, вработените стануваат повеќе ангажирани.

Направете заеднички работен простор

Најинспиративните лидери едноставно не диктираат што треба да се направи. Тие не го гледаат нивниот зборт како последен за било која  тема. Тие знаат дека нивните вработени можеби имаат подобри идеи и се доволно разумни за да ги прифатат истите. Не треба да ви изгледа чудно што зголемениот ентузијазам и продуктивноста доаѓаат од поколаборативната работна средина.

Развијте ја вашата „центрираност“

Постојат многу фактори кои можат да помогнат да се постане инспиративен лидер. Всушност, едно истражување од 2017 идентификуваше неколку фактори кои покриваат категории како што се развој на внатрешни ресурси, поврзување со други, водење на тимот и поставување на ритамот на работното место. Меѓутоа, од сите можни фактори е заклучено дека „центрираноста“, состојбата на внимателност и да се биде присутен во сите аспетки е најважна.

Со создавање на подобра работна средина за вашите вработени, користењето на сопствените сили и поткрепување на сите слабости што ги имате, ќе бидете на добар пат да станете вистински инспиративен лидер.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »