Промовирани огласи »

Добрите лидери не само што ја насочуваат работата на своите вработени - тие исто така ги инспирираат. Тие им дават мотивација на  сите околу нив да го достигнат својот максимум. Исто така поттикнуваат за  поголем ангажман и му помагаат на тимот да работи преку предизвикувачки околности. Се разбира, еден од најголемите предизвици за лидерите е да го најдат вистинскиот баланс за да ги добијат најдобрите резултати од нивниот тим, без да стане наметлив или непријатен. Според многу истражувања овие совети се покажале како ветувачки.

Исполнете ги основните потреби на вработените

Едно истражување покажало дека луѓето имаат три основни потреби на работното место и тоа да се чувствуваат безбедно, да имаат чувство на припадност и да чувствуваат дека се од важност. Овие потреби се очигледно важни во нечие секојдневие, но тие можат да бидат исто толку важни и на работниот простор. Кога овие потреби се задоволени, вработените стануваат повеќе ангажирани.

Направете заеднички работен простор

Најинспиративните лидери едноставно не диктираат што треба да се направи. Тие не го гледаат нивниот зборт како последен за било која  тема. Тие знаат дека нивните вработени можеби имаат подобри идеи и се доволно разумни за да ги прифатат истите. Не треба да ви изгледа чудно што зголемениот ентузијазам и продуктивноста доаѓаат од поколаборативната работна средина.

Развијте ја вашата „центрираност“

Постојат многу фактори кои можат да помогнат да се постане инспиративен лидер. Всушност, едно истражување од 2017 идентификуваше неколку фактори кои покриваат категории како што се развој на внатрешни ресурси, поврзување со други, водење на тимот и поставување на ритамот на работното место. Меѓутоа, од сите можни фактори е заклучено дека „центрираноста“, состојбата на внимателност и да се биде присутен во сите аспетки е најважна.

Со создавање на подобра работна средина за вашите вработени, користењето на сопствените сили и поткрепување на сите слабости што ги имате, ќе бидете на добар пат да станете вистински инспиративен лидер.

Промовирани огласи »

Пред пред крај сме со дефинирање на смарт специјализацијата којашто не е само еден документ туку ќе ги даде насоките на движење на нашата економија во клучни сектори, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за време на годишната конференција „Година за нови можнсоти“:

Ова можам да кажам дека е среднорочното планирање. Пред година и пол почнавме со креирање на процесот на креирање на националната развојна стратегија за првпат на еден процес кој е инклузивен кој е со вклучување на сите засегнати страни затоа што сметавме дека е моментот во кој треба да се креира јасната визија на нашето општество за наредните 20 години каде треба да се одвиваме. Смарт специјализацијата е основен дел на развојната стратегија затоа што таргетира само еден сегмент во креирањето на стратегиите, а националната развојна стратегија ги опфаќа сите сегменти на нашето живеење, смета Битиќи.

Тој кажа дека системски е променето и вреднувањето на трудот.

Денес зборувавме и премиерот кажа што се направивме околу минималната плата, просечната плата, сметам дека тоа што денес треба да го истакнам е системското менување и пристапот кон вредување на трудот. За првпат во државата ниту пензиите, ниту минималната плата не се користат како алатка за уценување, туку има систем кој е воспоставен преку механизам кој секоја година ја усогласува минималната плата како и пензиите. Тоа ќе донесе одржлив раст и на минималната плата но и достоинствено плаќање на трудот на нашиот пазар, заклучи Битиќи.

Промовирани огласи »

Посетете ја Венеција пред да почне да се наплаќа влез.

Во првата половина на 2023 година, вклучително и периодот на познатиот венецијански карневал од 4 до 21 февруари, нема да треба да се плаќа за влез во градот.

Властите за шест месеци ја одложија одлуката за наплата на влезници. Според претходно планираното, мерката требаше да стапи на сила во јануари. Но, премините не беа обезбедени навреме и затоа ќе почекаат.  На дневно ниво ќе ограничуваат колку луѓе смеат да влезат. 

Многу места во светот го ограничуваат бројот на посетители за да не ги уништат знаменитостите. 

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените работни позиции!

Како активни се следниве работни места:

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ПЕТРОВЕЦ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ИЛИНДЕН
ВОДОИНСТАЛАТЕР
МОЛЕР
ОПШТ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
ЕЛЕКТРИЧАР
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »