ПРВ САЕМ НА СПИЕЊЕ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ВО СКОПЈЕ
Добриот сон е важен за здравјето на луѓето, а тоа зависи од удобноста на креветот, цврстината на душеците, ергономијата на перниците. Од таа причина Ист Гејт Мол заедно со своите првокласни брендови и реномирани брендови од сегментот за уредување на домот, JYSK Neptun, Comodita Home, Ozdilek, Dormeo Home, New Age, Enci Menci го организира првиот саем на спиењето со широка понуда од удобни душеци до мека постелнина, детски кревети, додатоци за спални соби, прочистувачи на воздух и озонери - односно сѐ што е потребно за совршен сон.
Колекцијата за спални соби и кревети изложена на саемот на спиење е од новата колекција и е со специјални понуди и попусти ексклузивно само за времетрање на саемот.
Саемот на спиењето се реализира во Ист Гејт Мол Скопје од 28 Јануари се до 12 Февруари.
https://eastgatemall.mk/saem-na-spienjeto/
Со програмата на саемските манифестации и посебно оваа акција, Ист Гејт Мол го пополнува отсуството на соодветен саем кој се однесува на спалните соби. Затоа, заедно со брендовите на Ист Гејт Мол создадовме САЕМ НА СПИЕЊЕ кои во зимскиот период во годината на посетителите ќе им понудат широк асортиман на производи со промотивни услови.