Да бидеме искрени, 2/3 од денот ги поминуваме на работнот место, па сосема нормално е да се потрудиме да создадеме пријателски односи со колегите, за да работиме во една удобна и пријатна атмосфера.
Но сепак има работи кои не треба да се прават и ситни грешки кои можат да претворат некој колега во ваш непријател.
Еве ги работите кои препорачуваме да не ги правите во канцеларија:

1. Не зборувајте гласно
Дали е навистина потребно да викате кога разговарате со некој колега? Ако го нарушувате мирот и ги иритирате останатите, тие веднаш ќе ве посочат како „одвратниот колега“.
Точно е, не сме во библиотека, но не сте и во шума, па убаво е да ги почитувате другите колеги на работното место.
2. Не барајте најдобар пријател
Професионалните и личните односи се две различни работи. Малкумина успеваат да ги комбинираат успешно, но ако не сте еден од нив, желбата за блискост само ќе ги натера другите да се почувствуваат непријатно.

3. Не се претворајте во „милениче“ на газдата
Едвај има вработен кој не би сакал да биде на „ти“ со својот работодавач, но ако му се умилкувате премногу очигледно, ќе си го навлече гневот на колегите.
Се сеќавате ли вие колку го мразевте „омиленото дете“ на наставничката од целото одделение?
4. Не ѕиркајте во туѓи компјутери
Сите сте таму за да работитем, а бирото е личен простор што треба да го преминувате само со дозвола.
Многу лош впечаток остава човек, кој постојано гледа во компјутерот на колегата и следи што тој прави во работниот ден. Ако го правите тоа, веднаш ќе си добиете непријатели во лицето на сите во канцеларијата.

5. Не зборувајте за платата
Постојат компании кои експлицитно наведуваат забрана за зборување за надоместоците во договорите. Слични разговори дејствуваат демотивирачки, доведуваат до озборувања и интриги во тимот, а исто така може да ги расипат односите со колегите, во случај ако земате повеќе пари од нив.
Секој сам договара работни услови, затоа не треба да се мешате во работата на другите.