Промовирани огласи »

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

СОВЕТНИК ЗА МАРКЕТИНГ
ЕЛЕКТРИЧАРИ
ПРАВНИК
РАКУВАЧ НА МАШИНА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СЛАТКИ/ ПРОЦЕСЕН ОПЕРАТОР

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Од денес, ексклузивно на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на Телелинк Инфра Сервис.

Телелинк Инфра Сервис е компанија која нуди услуги на полето на телеком со меѓународен тим со над 300 членови. Со седиште во Софија, Бугарија, Телелинк Инфра Сервис е присутен со локални подружници во Обединетото Кралство, Германија, Република Северна Македонија и Албанија.

Моментално како активно е следното работно место:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Промовирани огласи »

На ден 10.02.2023 (петок) во Skopje Marriott Hotel се организираше работилница со наслов „GOOGLE ADVERTISING FOR REAL PROFESSIONALS“ водена од директорката на Google Marketing Platform Turkey, Ece Ozturk Dogan.

Во прилог беа опфатени следните теми каде што и самите учесници можеа интерактивно да учествуваат:

  • How Google / YouTube / Display Ads work
  • Achieving Business Success with Marketing Objectives
  • How to move a step further in your Digital Transformation Journey
  • Beyond Google Ads: Enterprise Solutions
  • GA4 and the Future of Digital Ecosystem

На самата работилница се изнаоѓаа решенија за предизвиците со кои маркетинг специјалистите најчесто се справуваат. На крајот од работинлицата секој учесник се стекна со сертификат.

Во продолжение компаниите кои ја препознаа оригиналната идеја и испратија дел од своите тимови на работилницата: Мајорел, Халкбанка, Webiart, East Gate Mall, Sportlife, PriBank SH.A., NOBEL Ilac Sanayii ve Ticaret, Olive Jobs, Alkaloid, 24hr, Tinex, Media House, Property One Real Estate & Development, Credissimo, KARA5, Neptun, Нилсен, Тиго, Telegrafi, New moment new ideas, Makedonija lek, Bipharm, Skopje City Mall, Setec, EonnEden, VIRON…

KARIERA.mk во наредниот период ќе организира настани од овој тип на различни теми во соработка со различни едукатори и експерти, затоа следете не и очекувајте новости за следниот настан наскоро.

Во прилог дел од атмосферата на самиот настан.

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари за килограм и ќе изнесува 42,197 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,388 отсто, кај дизелот за 0,749 и кај екстра лесното масло за 0,883 отсто, додека  кај мазутот има зголемувања за 1,191 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,944 отсто.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »