За компанијата: „Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот....
повеќе за компанијата »Стручен соработник за правни работи
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Правен факултет, и положен правосуден испит;
- Работно искуство од најмалку 2 години во Акционерско друштво;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Office пакетот;
- Возачка дозвола од Б категорија (ќе се смета за предност).
Одговорности и работни задачи:
- Водење грижа за усогласеноста на работeњето на друштвото со законските и подзаконските прописи;
- Подготовка на целокупната документација за Собрание на акционери и Одбор на директори;
- Подготовка на корпоративна документација;
- Изготвување на правни документи, договори и интерни акти;
- Следење, анализа и информирање за законски и подзаконски прописи и нивни измени;
- Комукација со државни институции, адвокати, нотари и приватни лица;
- Следење на правните трендови и случувања и помагање во формулирањето и спроведувањето на деловните политики и работни процедури;
- Комункација и правна поддршка на сите организациони единици во друштвото;
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Способност да работи под притисок, да донесува доверливи одлуки и да биде решителен-на;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Професионалност, енергичност;
- Самоиницијативност.
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време.
- Редовни месечни примања, надоместоци.
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух.
- Професионализам.
- Платен оброк.
- Избраниот кандидат ќе работи со полно работно време од понеделник до петок.
Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail: hr@evropa.com.mк
Ве молиме да наведете во subject: Апликација за Правник. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.
Слични огласи »