Промовирани огласи »

На ден 10.02.2023 (петок) во Skopje Marriott Hotel се организираше работилница со наслов „GOOGLE ADVERTISING FOR REAL PROFESSIONALS“ водена од директорката на Google Marketing Platform Turkey, Ece Ozturk Dogan.

Во прилог беа опфатени следните теми каде што и самите учесници можеа интерактивно да учествуваат:

  • How Google / YouTube / Display Ads work
  • Achieving Business Success with Marketing Objectives
  • How to move a step further in your Digital Transformation Journey
  • Beyond Google Ads: Enterprise Solutions
  • GA4 and the Future of Digital Ecosystem

На самата работилница се изнаоѓаа решенија за предизвиците со кои маркетинг специјалистите најчесто се справуваат. На крајот од работинлицата секој учесник се стекна со сертификат.

Во продолжение компаниите кои ја препознаа оригиналната идеја и испратија дел од своите тимови на работилницата: Мајорел, Халкбанка, Webiart, East Gate Mall, Sportlife, PriBank SH.A., NOBEL Ilac Sanayii ve Ticaret, Olive Jobs, Alkaloid, 24hr, Tinex, Media House, Property One Real Estate & Development, Credissimo, KARA5, Neptun, Нилсен, Тиго, Telegrafi, New moment new ideas, Makedonija lek, Bipharm, Skopje City Mall, Setec, EonnEden, VIRON…

KARIERA.mk во наредниот период ќе организира настани од овој тип на различни теми во соработка со различни едукатори и експерти, затоа следете не и очекувајте новости за следниот настан наскоро.

Во прилог дел од атмосферата на самиот настан.

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари за килограм и ќе изнесува 42,197 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,388 отсто, кај дизелот за 0,749 и кај екстра лесното масло за 0,883 отсто, додека  кај мазутот има зголемувања за 1,191 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,944 отсто.  

Промовирани огласи »

Денот на вљубените или Свети Валентин се слави секоја година на 14 февруари.

Тоа е денот кога луѓето ја покажуваат својата наклонетост кон друга личност или луѓе со испраќање картички, цвеќиња или чоколади со пораки на љубов.

Кој бил Свети Валентин?

Денот го добил името по познат светец, но има неколку приказни за тоа кој бил тој. Популарното верување за Свети Валентин е дека тој бил свештеник од Рим во третиот век од нашата ера. Императорот Клаудиј II го забранил бракот затоа што мислел дека оженетите мажи се лоши војници. Валентин сметал дека ова е неправедно, па ги прекршил правилата и договарал бракови во тајност. Кога Клаудиј дознал, Валентин бил сместен во затвор и осуден на смрт. Таму, тој се заљубил во ќерката на затворскиот чувар и кога бил одведен да го убијат на 14 февруари, тој и испратил љубовно писмо потпишано „од твојот Валентин“.

Како започна Денот на вљубените?

Да се има одреден Ден на вљубените е многу стара традиција, за која се смета дека потекнува од римски фестивал. Римјаните имаа фестивал наречен Луперкалија во средината на февруари - официјално почетокот на нивната пролет. Се смета дека како дел од прославите, момчињата цртале имиња на девојки од кутија. Тие би биле дечко и девојка за време на фестивалот, а понекогаш и се венчале. Подоцна, црквата сакала да го претвори овој фестивал во христијанска прослава и решила да го искористи за да се сеќава на светиот светец Валентин. Постепено, името на Свети Валентин почнало да се користи од луѓето за да ги изразат своите чувства кон оние што ги сакаат.

Промовирани огласи »

Американската компанија „Мета платформи“, сопственик на Фејсбук, го одложи финализирањето на буџетите за неколку тимови, што се смета како подготовка за нова рунда отпуштања, објави вчера „Фајненшл тајмс“.

Двајца вработени во „Мета“ за весникот велат дека во последните недели не е јасно колкав ќе биде буџетот и идниот број на вработени.

Мета претходно овој месец објави дека очекува трошоците оваа година да бидат помеѓу 89 и 95 милијарди долари, а извршниот директор Марк Закерберг ја нарече годината - година на ефикасност.

Апликацијата Воцап, сопственост на „Мета“, во ноември отпушти повеќе од 11.000 работници, што е 13 отсто од вкупната работна сила.

(Танјуг)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »